На втор ден Божик, според Јулијалнскиот календар, се одбележува уште еден голем празник – Собор на Пресвета Богородица.
На вториот ден од Божик христијанската Црква ѝ оддава слава на Пресветата Божја Мајка, која што го роди Господ и Спасителот наш Исус Христос.Во Охрид од древноста беше устроено спроти вториот ден на Божик вечерната да се служи само во црквата на Пресвета Богородица, наречена Челница. Целото свештенство со народот овде соборно ја прославуваше Пречистата Божја Мајка.
Црквата утврдила веднаш после големите празници да се слават и учесниците во настанот што се празнува. Затоа денес се слави Пресветата Богородица.Зашто најчистата утроба на Марија беше единствена способна да го прими оној кој го надвишува се она што е создадено. Во таа смисла Црквата ја нарекува Девица Марија врата на спасението.
По повод празникот Собор на Пресвета Богородица-втор ден Божиќ, утрински богослужби ќе има во сите парохиски цркви во Охрид.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.