Инцидентот се случил еден час по полноќ и бил формиран истражен тим, пренесува порталот Балкан веб.

Објавил: Владо Марин | 28 јуни, 2021 11:11

Втор инцидент во Албанија запалени 60 лежалки

Фото/Текст извор: ©фокус/магазин.мк

На плажа во албанската приморска област Дримаде кај Дерми ноќеска изгореле 60 лежалки, а полицијата се сомнева дека пожарот бил подметнат, објавија денеска албанските медиуми.

Инцидентот се случил еден час по полноќ и бил формиран истражен тим, пренесува порталот Балкан веб.

Според порталот AБЦ Албанија, постои сомневање дека станува збор за конфликт меѓу сопствениците на барови на плажа околу користењето на плажите во оваа област.Вчера, ваква расправија заврши со четирикратно убиство и со двајца повредени, откако две семејства имале нерасчистени односи околу управувањето со плажа кај Велипоје.

Настанот, според албанските медуми негативно влијае врз угледот на Албанија, токму на почетокот на туристичката сезона.

Конфликтите со огнено оружје, кои се случуваат на јавни места и во екот на туристичката сезона, ги загрозуваат животот и здравјето на десетици граѓани, но од друга страна сериозно ја нарушуваат сликата за Албанија кај домашните и странските туристи. Плажите и центрите на нашите градови не заслужуваат да личат на бојните полиња на Дивиот запад. Значи, во оваа ситуација, која се чини излезе од контрола и која за жал произведува жртви секој ден, секој висок државен орган мора да ги преземе своите должности и да се откаже од цинична пропаганда, која не може да ги покрие вистините, за кои сите гледаме, реагираше албанскиот претседател Илир Мета.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Меѓу демонстрантите имаше и попови, а на масовниот протест се извикуваа слогани и против Владата на Мицотакис, но и против новинарите.

Инциденти во Атина на протестот против вакцината и против задолжителната имунизација

Со инциденти меѓу полицијата и демонстрантите, со молотови коктели, солзавец и топови...