Најавено е протестот да започне во 14 часот пред Регулаторната комисија и еден час со автомобили ќе ја блокираат крстосницата и пристапните улици пред Регулаторната комисија.

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 септември, 2020 11:56

Втор протест на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје против поскапувањето на струјата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото курир.мк

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, најави два протестни марша против поскапувањето на струјата за попладнево во Скопје.

На вчерашната прес-конференција, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев најави нов протест за попладнево против поскапувањето на струјата.

Најавено е протестот да започне во 14 часот пред Регулаторната комисија и еден час со автомобили ќе ја блокираат крстосницата и пристапните улици пред Регулаторната комисија.

Протестот ќе започне пред „Палома бјанка“, рече Јанушев.

ВМРО-ДПМНЕ во средата го одржа првиот од низата најавени протести, и како што рекоа од партијата, тие ќе траат додека власта не го чуе гласот на народот.

Цел на организирањето е 10 до 20 возила и стотина граѓани, во знак на негодување да се изрази револт за постапката и иницијатива за покачување на струјата.

И конфедерацијата на синдикални организации (КСОМ) од 18 часот најави протестен мото-синдикален граѓански марш што ќе тргне од „Чаирчанка“ и ќе заврши пред Регулаторната комисија за енергетика и Собранието.

Народот плаќа поскапа струја, за да може Заев да си ги плаќа финансиерите на СДСМ, преку милионски тендери, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Енергетските компании кои според Заев работата со намалена добивка и заради кои народот ќе треба да плаќа поскапа струја немат проблем да плаќаат милионски тендери за финансиерите на СДСМ. Во денови кога народот протестира за поскапената струја, Заев преку АД ЕЛЕМ му даде тендер од 6.4 милиони евра на Силјан Мицевски, кој јавно на суд призна дека го финансирал СДСМ. Лага е дека струјата поевтинила. Граѓаните нека ги споредат сметките од 2017-та и денес и ќе видат дека Заев драстично ја зголемил цената за да го покрие својот криминал. Целиот енергетски сектор буквално се користи за испумпување на парите на граѓаните во приватни џебови, на лица блиски до власта. Затоа е потребно народот повеќе да плаќа, за да има повеќе за блиските на власта. Струмичка агенција за обезбедување испумпала десетина милиони евра преку универзалниот снабдувач на електрична енергија, камиони со струмички регистарски таблички вртат во РЕК Битола, а фирмите на финансиерите на СДСМ добиваат милионски тендери за ископ на јаглен и јаловина, потенцираат од партијата.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.