Сигурен сум дека се ќе биде добро затоа што Вучиќ е тврдоглав и јак, а не поради што ги слуша докторите, рече Вулин.

Објавил: admin@magazin | 16 ноември, 2019 11:30

ВУЛИН: Верувам дека Вучиќ ќе биде добро, тој е ЈАК И ХРАБАР ЧОВЕК!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерот за Одбрана на Република Србија, Александар Вулин изјави денеска дека е сигурен дека претседателот Вучиќ ќе биде добро.

-Сигурен сум дека се ќе биде добро затоа што Вучиќ е тврдоглав и јак, а не поради што ги слуша докторите, рече Вулин.

На прашањето за здравствената состојба на претседателот, Вулин рече дека Вучиќ е многу храбар човек, но рече исто така дека не води грижа за своето здравје.

Многу работи а премалку спие, малку се одмара. Сите ние кои соработуваме со него и кои сме негови пријатели, а најпрво неговото семејство,  сакаме Вучиќ да води повеќе грижа за себе и за здравјето, но тој едноставно е таков човек, рече Вулин за Курир.рс.

Вучиќ бара помош само кога мора.

Српскиот претседател вчера беше примен на Воено-медицинската академија во Белград поради проблеми со срцето, соопшти Генералниот секретаријат на Претседателот на Србија, а веста рано наутро ја објавија сите српски медиуми.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.