Првиот гаф на македонскиот претседател Пендаровски

Објавил: Узунов Бобан | 1 јуни, 2019 17:43

Вулин со дипломатски шамар за Пендаровски: Како што молчиш за Голема Албанија така молчи и за Србија !

Фото/Текст извор: ©магазин

Министерот за одбрана на Србија Александар Вулин жестоко одговори на изјавата на претседателот Стево Пендаровски дека грозна е идејата за размена на територии помеѓу Косово и Србија. Вулин му порача Пендаровски дека Србија ќе го реши своето внатрешно прашање со Косово.


Оваа изјава на Пендаровски е првиот негов гаф и дипломатски скандал од најмалку две причини. Прво како професор по меѓународно право и претседател на држава треба да знае дека не треба да завзема страна во однос на билатерални прашања на две држави, и второ на секој граѓанин на Балканот јасни им се официјалните позиции на Белград за решавање на косовоското прашање-размена на територии со Косово во замена за признавање на косовската државани и тоа е формула која се разговарала и во Брисел на највисоко ниво, а беше потврдена и со изјава на Хан.


 

Пендаровски малку се прашува за судбината на С. Македонија но сака да се прашува за Србија. Како Србија ќе го реши своето внатрешно прашање со Косово не е тема за претседателот на С. Македонија. Ако идејата за разграничувањето е грозна и недостојна за 21 век тогаш би можел да го повлече признавањето на Косово од 21 век или да ја осуди НАТО агресијата на СРЈ од самиот крај на 20 век, која доведе до етничко чистење на Србите од Косово и Метохија. 

Не пропуштил веројатно Пендаровски да види дека на картата на Голема Албанија е половина С. Македонија. Ако не ја видел таа мапа, нека му ја покаже претседателот на Собрание Џафери, тој со задоволство и пред камерите ја покажува. 

Пендаровски претходно изјави дека идејата за разграничување на Србија со Косово може да биде идеја за експерти, новинари, али не и за одговорни политичари, бидејќи е неодговорно да се зборува за една идеја која во суштина грозна, односно да се зборува за размена на население и територија. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести