,,Како ќе се реши проблемот со Косово и Метохија, ќе одлучи Србија, а претседателот на Република Македонија, Пендаровски, никој нема да го праша, ниту ќе бара негово мислење“.
Ова е одговорот на српскиот министер за одбрана, Александар Вулин, кој реагирал на изјавата на македонскиот претседател дадена на барање на косовски медиум, пренесува РТС.
Српска Република пренесува дека Вулин му порачал на Пендаровски ,,да продолжи да молчи на јзикот што никој, освен Србија, не му го признава“.
Кабинетот на Пендаровски, во ставот на претседателот за евентуална корекција на границите како можно решение на српско-косовското прашање навел дека се противи на евентуална корекција на границите.
,,Претседателот Пендаровски смета дека промената на границите, размена на територии и луѓе, како можно решение на спорот Приштина – Белград, може да доведе до штетно влијание во регионот“-изјавила за Газета, советничката на Пендаровски, Билјана Радева.
Ова прашање повторно се актуелизираше откако високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борељ, во интервју не се спротиставил на идејата за размена на територии како можно решение на проблемот меѓу Србија и Косово.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.