Според последните податоци, од вкупниот број тестирани во Србија во последните 24 часа, повеќе од 80 проценти од заразените се од Белград.

Објавил: Катерина Крстиќ | 2 јули, 2020 11:19

ВУЧИЌ ВЕЧЕРВА ЌЕ ГИ СООПШТИ НОВИТЕ РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ ПРОТИВ КОРОНАВИРУСОТ: Можно е потполно затворање на Белград!

Фото/Текст извор: ©(Kurir.rs)

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по препорака на Кризниот штаб за справување со коронавирус, вечерва ќе објави нови остри мерки за Белград објави за време на неговото гостување на РТС поради исклучително неповолната епидемиолошка состојба.

Според последните податоци, од вкупниот број тестирани во Србија во последните 24 часа, повеќе од 80 проценти од заразените се од Белград.

Како што објави српски Курир,  претседателот Вушиќ вечерва, по состанокот на Кризниот штаб, ќе ја објави конечната одлука за нови ригорозни мерки за справување со епидемијата во главниот град.

Според извор од Кризниот штаб, тие размислуваат за повторно воведување на полициски час во вечерните часови, или, што е далеку поверојатно, целосно затворање на Белград, што ќе значи забрана за влез и заминување од градот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.