Во следните 72 часа очекуваме зголемување на заразени и смртни случаи, рече вечерва на прес конференција претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
„Ова не е предвидување, ова е нешто што е логично да се очекува“, рече Вучиќ, додавајќи дека има 81 лице на респиратори.
Вучиќ рече дека повеќе случаи доаѓаат од Белград, Ќуприја, Чачак и Валјево.
Дел од мерките ќе бидат затегнати, дел ќе бидат олеснети затоа што сметаме дека направивме добра работа од 13 март, но далеку сме од успешни. Сметаме дека бевме близу до апсолутна катастрофа “, рече Вучиќ.
Нова мерка што важи од вечерва е дека не може повеќе од две лица да се соберат на едно место.
Максимално двајца луѓе да има на едно место, полициски час со забрана за движење на граѓаните од сабота во 13 часот до понеделник во пет часот и шетање на домашните миленичиња од 23 часот до еден часот по полноќ се најновите мерки во заштита од коронавирусот, соопшти претседателот на Србија Александар Вучиќ во вечерашното обраќање до нацијата.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.