,Додека сум жив, нема да има преодни влади, туку само влада на народот, народот ќе одлучува кој ќе биде влада.

Објавил: Перо Милчин | 1 септември, 2019 16:18

ВУЧИЌ: “Во Србија нема да има никаков БОКИ 13 и криминалци кој ќе кажуваат кој ќе биде на власт”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Српскиот Претседател Александар Вучиќ на денешната партиска седница рече дека додека е жив во Србија нема да одредуваат криминалци кој ќе биде на власт и дека во Србија нема да има никаков Боки 13“.

,Додека сум жив, нема да има преодни влади, туку само влада на народот, народот ќе одлучува кој ќе биде влада. Додека сум жив нема да одредуваат криминалци кој ќе биде на власт, овде нема да има никаков Боки 13“-рече Вучиќ .

Овој дел од говорот на Вучиќ е на 51 минута од неговото излагање.

Преку ноќ се обединија Бошко Обрадовиќ и Чедомир Јовановиќ. Ми велат со нашето мнозинство да изгласаме техничка влада како што беше пример во Македонија, е тој филм нема да го гледате, рече српскиот претседател Александар Вучиќ.

,,Нема странци да ни одредуваат кој ќе биде на власт. Тоа нема да може. Вие странци сте добредојдени. Но, не да ми ја уривате владата. Овде владее народ. Затоа-море сиктер“-рече српскиот претседател.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.