Претседателот Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ денеска ќе се сретнат во 17 часот со докторите од Кина кои и помагаат на Србија во борбата против вирусот корона, а обраќањето на јавноста се очекува во 18 часот, дознава Танјуг.
На состанокот ќе учествуваат и членовите на Кризниот штаб – да се спречи заразата на вирусот, предводена од премиерката Брнабиќ, и да се елиминираат ефектите врз економијата, предводени од претседателот Вучиќ.
Група кинески експерти дојдоа од Кина во саботата за да и помогнат на Србија во борбата против коронавирусот.
Кинеските стручњаци што деновиве допатуваа на помош во Србија предвидуваат дека состојбата со коронавирусот кај нашиот северен сосед може да се стабилизира за 29 дена.
„Доколку сите почнат да се придржуваат кон мерките, стручњаците од Кина проценуваат дека во Србија за да се стабилизира состојбата со коронавирусот ќе и’ требаат 29 дена“, изјави српскиот министер за здравство, Златибор Лончар.
Заклучно со вчера, Србија имаше 222 заразени и двајца починати од коронавирусот.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.