Вучиќ воедно најави и дека постои множност идната недела, односно во понеделник да започне со работа и српскиот парламент. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 21 април, 2020 18:53

ВУЧИЌ: Коронавирусот слабее, ги ублаживме воведените мерки!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека се олеснети мерките воведени за ширење на коронавирусот.Имено тој посочи дека вирусот во земјата значително слабее, иако има 300 нови случаи, сепак сите се со полесна форма на коронавирус.

Вучиќ воедно најави и дека постои множност идната недела, односно во понеделник да започне со работа и српскиот парламент. 

Денеска и епидемиологот Предраг Кон ја потврди информацијата дека вирусот слабее во Србија. Тој исто така рече дека ќе бидат ублажени мерките, но дека најпрво ќе се започне со укинувањето на вонредната состојба во земјата.

Вучиќ ова го изјави за време на посетата на изградбата на делницата на брза пруга од Белград за Будипешта, јави допсиникот на МИА од Белград.

-Ние мора да бидеме внимателни, да продолжиме со тестирањето на населението, за да ја избегнеме ситуацијата во Сингапур, истакна Вучиќ, додавјќи дека од почетокот на коронавирусот во земјата до сега ситуацијата во Нови Сад е најдобра од сите големи градови во Србија.

Српскиот претседател посочи дека значително е подобрена и ситуацијата во Ниш.

Важно е на респиратор да имаме што е можно помалку луѓе и да имаме уште помал процент на заразени во однос на тестирани. Доколку епидемиолошката состојба е поволна, можно е српскиот парламент да одржи седница во понеделник, почитувајќи ги сите безбедносни протоколи и присуството само на најпотребните луѓе во парламентот, кажа Вучиќ.

Вучиќ изрази голема благодарност до рускиот претседател Владимир Путин за помошта, како во однос на медицинските екипи, така и на медицинските материјали, и покрај фактот дека и во Русија исто така има интензивна епидемија.

Вучиќ истакна дека Србија не го крие бројот на починати од коронавирусот и дека ги надминува повеќето земји во регионот според бројот на тестирани пациенти.

Српскиот претседател порача дека ќе дискутира за изборите кога ќе се укине вонредната состојба.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.