Инаку претседателот на Србија, потврди дека премиерот Зоран Заев му се јавил да му се извини по она што го говореше за преговорите меѓу Белград и Приштина со руските комичари.

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 јули, 2019 11:24

Вучиќ: Моја обврска е на Заев да му се обраќам со “пријателе“,тоа го правам од куртоазија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Српскиот претседател Александар Вучиќ, вчера вечер беше гостин во емисијата „Хит твит“ на телевизија Пинк, каде одговараше на прашања поврзани со многу актуелни теми, меѓу кои и онаа каде македонскиот премиер Зоран Заев, во телеонски разговор со руските комичари, истакнува дека Вучиќ е руски човек.

Заев му се извинил на Вучиќ, по разговорите кои беа шуштени во јавност

Инаку претседателот на Србија, потврди дека премиерот Зоран Заев му се јавил да му се извини по она што го говореше за преговорите меѓу Белград и Приштина со руските комичари.

-Момците кои му се јавија на Заев го одработија тоа навистина професионално бидејќи е многу тешко да закажеш било каков разговор со високи државници. Заев ми прати извинување за она што го рекол. Моја обврска е Заев и некои други претседатели да ги нарекувам пријатели и тоа го правам од куртоазија, изјави Вучиќ во емисијата „Хит твит“ на Пинк.

Како што во емисијата остакна Вучиќ, премиерот Заев му се извинил откако медиумите го пренеле разговорот во кој македонскиот премиер кажал дека тој е руски човек.

-Тој ми испрати извинување, ми испрати порака. Јас кажав поздрав друже, што друго да му кажеам, дали сум руски човек или не? Горд сум што сум Србин и што се борам само за Србија и добро е познато дека јас не сум ниту американски ниту руски човек, и тоа е тежината на мојата позиција и затоа мал број луѓе ме сакаат на власт во Србија, бидејќи јас сум човек на Србија и на нашите граѓани и на нашиот народ, рече Вучиќ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести