Поради расправија со новинарот Миодраг Совиљ од српската телевизија Н1, на Вучиќ во петокот попладнето му се качил притисокот, добил тахикардија, и беше примен на Воено-медицинската академија во Белград.

Објавил: Македонка Димкин | 17 ноември, 2019 19:56

Вучиќ поради расправи со новинар во прединфаркнта состојба?

Фото/Текст извор: ©ТЕЛМА

Што пишува прочитајте ми, pишува дека е еден од членовите, aма прочитајте ми, јас ви верувам вас, имам наочари не можам да видам..тука ништо не се гледа..прочитајте ми што пишува, оставете ги тие трикови…

Поради оваа расправија со новинарот Миодраг Совиљ од српската телевизија Н1, на претседателот Вучиќ во петокот попладнето му се качил притисокот, добил тахикардија, и беше примен на Воено-медицинската академија во Белград.

Човечкото тело е во состојба да испрати предупредување за срцев удар неколку денови, дури и неколку недели порано, пред да се случи. Сепак, вие треба да ги знаете симптомите.
Според откритието на професори од Универзитетот ”Дјук”, повеќе од 60 отсто од луѓето кои доживеале срцев удар, не ги познавале добро симптомите, кои во меѓувреме им алармирале за влошената здравствена состојба. Секој четврти срцев удар по правило е “тивок убиец”.
Луѓето многу често не ги знаат симптомите и на тој начин во последните пет години, алармантно е зголемена смртноста.
Најчести симптоми на оваа кобно заболување се болки во стомакот, лошо варење, замор и остра болка во грбот. Исто така, острата болка на некој друг дел од телото, освен во градите, лесно може да укаже на претстојен инфаркт.
Таквите болки најчесто ги напаѓаат надлактицата, грбот, вратот , вилицата , па дури и стомакот. Сепак, пациентите обично ја игнорираат болката во мускулите, која е краткотрајна и не стравуваат дека тоа може да биде опасно за нивниот живот. Според лекарите, овие болки може периодично да се појавуваат и исчезнуваат и до еден месец пред да дојде до срцев удар.
Болката во другите делови на телото е најчест симптом за срцев удар кај жените, а поретко кај мажите. Жените честопати чувствуваат гадење и потење, кои исто така, може да се симптоми на инфаркт, особено ако тие се случуваат во комбинација со други симптоми.
Ако добиете, болка во градите или наведените сиптоми се повторуваат почесто, под итно, треба да се обратите на лекар.

Новинарот кој наводно го растревожи Вучиќ всушност го потсети на аферата за трговија со оружје во која, според документот од БИРН, објавен пред една година, пишува дека таткото на министерот за внатрешни Бранко Стефановиќ, бил дел од делегацијата на фирмата која ја посетила фабриката Крушик. Неговото прашање дали има судир на интереси го изнервирало Вучиќ толку многу што се довел во прединфарктна состојба?! Прстот во него во вперија никој друг туку неговите колегите од медиумите блиски до власта, односно новинарите, таблоидите кои ја поддржуваат политиката на Вучиќ.

  • Оној колега, така да го наречам, кој му го внесува телефонот во лице на претседателот на државата, па каде го има тоа? , вели Драган Вучичевиќ, уредник на Информер, ТВ Пинк.

Новинарот смета дека целата ситуација е претходно исценирана и смислена во некој друг центар на моќ, од како што рече хејтери кои сакаат дури и да го убијат претседателот.

  • Што била идејата ? Идејата беше да се предизвика махинална рефлексна реакација на секој нормален човек, секој би реагирал така, 90 отсто од луѓето, па и јас и вие, кога некој би ни го турка телефонот во лице, ако ништо друго ќе го турнете со раката…

Уредникот на Пинк ТВ, не беше единствениот во обвинувањата кон новинарот Совиљ, на него се надоврзаа и таблоиди, и аналитичари. Сепак, повеќемина новинари и нивни здруженија сметаат дека таквата интерпретација на настаните претставува директен притисок врз независните медиуми и ја загрозува нивната безбедност. Телевизијата Н1 е честа цел на напади, поради нејзината независна уредувачка политика. Во меѓувреме, за здравјето на Вучиќ се огласи министерот за здравство, кој изјави дека претседателот има проблеми со срцето, но ситуацијата сериозно се влошила во петокот, пред да побара помош, а докторите буквално му го спасувале животот. 

Ситуацијата на Вучиќ е стабилна, иако тој и денеска е во болница. Самиот најави дека од утре се враќа со полна работна сила.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...