На вечерата присуствуваа претседателите на Србија, Црна Гора и Косово, Александар Вучиќ, Мило Ѓукановиќ и Хашим Тачи, премиерот на Македонија Зоран Заев и членови на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, Шефик Џаферовиќ и Жељко Комшиќ. Еди Рама не можеше да присуствува на вечерата поради обврски.

Објавил: Весна Петровска | 30 октомври, 2019 12:39

Вучиќ пред народот едно, а на забавата друго: Хашиме, Федерика сака да те бакне – српскиот претседател видно расположен!

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

На прошталната вечер во Брисел во чест на Федерика Могерини Во Брисел присуствуваа сите лидери на Западен Балкан.

На вечерата присуствуваа претседателите на Србија, Црна Гора и Косово, Александар Вучиќ, Мило Ѓукановиќ и Хашим Тачи, премиерот на Македонија Зоран Заев и членови на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, Шефик Џаферовиќ и Жељко Комшиќ. Еди Рама не можеше да присуствува на вечерата поради обврски.

Додека се поздавуваа со „домаќинката “ Федерика, Могерини, српскиот претседател Вучиќ во еден момент видно расположен искоментира

„Хашим, Федерика најмногу сака да те бакне“ “и по неколку секунди додаде дека Тачи се преправал дека не го разбира српскиот.

https://www.youtube.com/watch?v=ft5VEo-vaZw

И премиерот Заев преку својот фејсбук профил упати благодарност до високата преставничка за надворешна политика Федерика Могерини.

,Федерика ни беше поддршка и во моментите на криза и во моментите на успех. Вистинска пријателка на нашиот народ и на целиот Западен Балкан. Вечерва со лидерите од регионот сме собрани во нејзина чест во Брисел, да заокружиме едно сериозно поглавје од нејзината кариера.
Федерика, ти благодариме за посветеноста, твојот ангажман е многу значаен за трансформацијата на Балканот во регион од кој извира мир и стабилност.” , напиша премиерот Заев на ФБ.

Могерини го загуби кормилото во дијалогот меѓу Белград и Приштина

Европските функционери на новинарски прашања често знаат да одговараат со реченицата дека „немаат магична топка“ и не можат да знаат што и кога ќе се случи. Шефицата на дипломатијата на ЕУ во заминување може да каже дека верувала во можноста за остварување на некои од очекуваните позитивни чекори.

„Можеби нема да успеете, но ако сте упорни и јасни во целите, вредностите и принципите, добри резултати понекогаш доаѓаат. Можеби по 25, 7 или само 2 години“, велеше Могерини.

Бриселската дописничка на РТВ Косово, Ѓераќина Тухина смета дека и самата Могерини не беше цврста во принципите кога е во прашање политиката кон регионот, а посебно за дијалогот Белград – Приштина, во кој посредуваше,

„Не се придржуваше кон принципите, зашто мотивација и` беше постигнување договор во текот на нејзиниот мандат. Гласините околу можно добивање Нобелова награда за мир беа некој вид движечка сила нејзиниот приоритет да биде конечно решение по секоја цена во текот на нејзиниот мандат, а квалитетот и последиците на тоа решение да не бидат толку важни“, оценува Тухина.

Тухина, која го следи дијалогот Белград – Приштина од самиот почеток во 2011. година, наведува дека Могерини ги бираше соговорниците во него според лична наклоност („менувајќи формати во зависност од позициите на кои беа нејзините штитеници“, но и менувајќи фази без објаснување што во некоја од нив е постигнато.

Тухина заклучува дека Високата претставничка „му сврте грб на дијалогот“ кога сфати дека конечното решение нема да биде можно во нејзиниот мандат.

„Нормализацијата на односите меѓу Србија и Косово е практично сираче, зашто ’кумата’ дигна раце од крајот на април, од кога беше покрената француско-германската иницијатива, која за главна цел имаше – некако да ја амортизира штетата направена од Могерини во текот на нејзиниот мандат како посредувач“, вели Тухина за ДВ.

Со оваа оценка се согласува и дописникот на Јавниот сервис на Србија.

„Некаде на половина од нејзиниот мандат се појавија знаци дека таа дијалогот ’го испушти од раце’, а во последната година од мандатот, тоа веќе беше очигледно. Личен ангажман, но без доволно лидерство или посветеност работите вистински да се држат под контрола, недостиг на авторитет и поддршка (од некои, но важни) земји – членки, на крајот доведе до неуспех“, вели Гајиќ.

Дали е Борел спремен за Балкан?

По повеќегодишен вербален ентузијазам како за исходот, така и за ангажираноста од двете страни, во последните месеци стана многу очигледно дека Федерика Могерини веќе не го ни споменува дијалогот Белград – Приштина. И БиХ, на која на почетокот од својот мандат Могерини и` порачуваше дека е во „фокусот на политиката на ЕУ“, веќе не беше споменувана. При крајот на мандатот, зборувајќи за резултатите на заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ кон Балкан, Могерини главно го споменуваше потпишувањето на Преспанскиот договор меѓу Скопје и Атина. Меѓутоа, и покрај толку пофалби, ни во Скопје Могерини не остави посебен впечаток.

Повеќе прочитајте ТУКА

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Европа

- Русија мора да биде принудена да го почитува меѓународното право и да престане со агресивните активности и активности насочени кон монополизирање на енергетската ситуација во Европа. Додека не го направат тоа, нема да бидат партнер, прво треба да се однесуваат како нормална држава. Тие сакаат да го прошират своето влијание, а денеска разговарав со Ѓукановиќ за тоа. За агресијата во Украина, обидите за дестабилизација на ситуацијата во БиХ, Косово... Треба да го запреме тоа и тоа беше тема на разговорот и пред се прашањата што му ги поставив на претседателот како личност која ја познава политиката во регионот и ја знае ситуацијата совршено, во најситни детали - рече тој е Дуда.

Ѓукановиќ вели дека сме сведоци на значителен пустош на општествата од Западен Балкан.

- Ова е последица на отсуството на попроактивна политика за проширување на ЕУ, но и искористување на тој простор од деструктивната политика на Русија. Мислам дека тоа е нешто што не обврзува да се обидеме да го спречиме идното оддалечување на регионот од евроатлантскиот автопат. Русија се обидува да ги врати правилата на политиката на Студената војна преку ревизија на историјата и да го искористи правото да одлучува за судбината на другите - смета Ѓукановиќ.


Тој смета дека Европа минува низ историски тест.

- Или ќе го запреме агресорот и потоа ќе го казниме со политичката и правната казна што следува по тој што убива народ. Или ќе им ја отвориме вратата на идните агресори. Затоа мислам дека ова е историско судење - посочува Ѓукановиќ.

Ѓукановиќ бара казна за Русија: Или Европа ќе го запре агресорот или ќе ги отвориме вратите за идните агресори

Правото што Црна Гора го бараше со враќање на независноста и слободно избирање на својот...

Меѓу самостојните надлежности во Швајцарија спаѓаат здравството, социјалата, редот и мирот и образованието, и данокот.

Сите зборуваат за Швајцарија а многу малку знаат за Вестфалскииот мир

Швајцарија е поделена на 26 кантони — сојузни единици што ја сочинуваат државата. Од...