Последно збогување од блажениот српски патријарх Иринеј.
– Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, присуствува на светата литургија по повод упокојувањето на српскиот патријарх Иринеј, која се служи во црквата Свети Сава.
Во храмот Свети Сава во Белград започна погребната церемонија на која му се оддава последен поздрав на српскиот патријарх Иринеј, кој пред два дена почина како последица од ковид-19.
Телото на патријархот Иринеј е покриено со стакло.
Литургијата за блажениот патријарх Иринеј започна во 9 часот наутро, а посмртните остатоци на патријархот ќе бидат спуштени во гробот во криптата на храмот Свети Сава по завршувањето на службата и беседите.
Во храмот не може да се влезе без маска.
Блажениот патријарх Иринеј ќе биде погребан денес во криптата во Храмот Свети Сава во Врачар.
Верниците не можат да го бакнат патријархот или ковчегот, а до граѓаните се апелира да носат маски и да не остануваат премногу долго кога се простуваат.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.