По изборите Вучиќ се обрати од Палатата Србија, и соопшти дека биле уапсени членови на „Српска листа“ затоа што им дозволиле на луѓето да гласаат со српски лични карти.

Објавил: Катерина Крстиќ | 7 октомври, 2019 10:22

Вучиќ: Србите го одбранија својот опстанок, ќе имаат големо претставништво во косовскиот парламент

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Александар Вучиќ претседателот на Србија, по вчерашните предвремени парламентарни избори во Косово ги поздрави резултатите каде што партијата „Српска листа“ оствари неочекувано одлични резултати.

Вучиќ се огласи по вчерашните избори и истакна дека е голема победа, Србите на Косово покажаа дека можат да се обединат и го одбранија својот опстанок

По изборите Вучиќ се обрати од Палатата Србија, и соопшти дека биле уапсени членови на „Српска листа“ затоа што им дозволиле на луѓето да гласаат со српски лични карти.

Се е направено со цел да се уништи Српската листа, да се најдат Срби погодни да не работат за интересите на српскиот народ, туку за Харадинај и останатите. Изборните резултати се и за мене изненадување – изјави Вучиќ.

Ккао што нагласи Вучиќ за „Српска листа“ оваа победа е посебна, и е особено горд на овие резултати кои беа сосема неочекувани бидејќи се остварени во тешки услови. Вучиќ, потенцираше дека  „Српска листа“ во сите места има повеќе од 90 отсто гласови, а во Северна Митровица нивниот резултат е 98,97 отсто.

Србите покажаа огромна зрелост, сакам да им изразам огромна благодарност. Покажаа дека можат да се обединат, го одбранија својот опстанок, ќе имаат големо претставништво во косовскиот парламент. Србите покажаа љубов кон својата татковина Србија. Србите само сакаат да го зачуваат своето српско име. Уште еднаш им благодарам на сите Србија на големата победа – заклучи Вучиќ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.