Вучиќ го нокаутираше Заев

Објавил: Узунов Бобан | 12 февруари, 2019 14:57

Вучиќ: Ќе поднесев оставка да изгубев на референдум како Заев (видео)

Фото/Текст извор: ©магазин

Српскиот претседател Александар Вучиќ во своето гостување на српската телевизија „Хепи“ даде осврт и на неодамна одржаниот референдум за промена на уставното име на Македонија.

-Нема да си играм како во Македонија народот вика не, а во собранието се изгласа за. Во Србија да се одржеше референдум и да изгубевме ќе си дадев оставка и ќе речев граѓаните се против и не можам да одам против тоа, потенцираше српскиот претседател во своето интервју.

Оваа изјава на српскиот претседател покажува како се сфаќа политиката во светот и како се почитува волјата на народот.  Тој напомена дека ако во Србија би имало референдум ќе ја почитува волјата на народот и нема да си игра со народот како во Македонија со консултативен референдум. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести