Братот на премиерот на Македонија, Вице Заев, побара од потпретседателот на ВМРО - ДПМНЕ, Николоски да ги докаже сите изјави искажани против него, во спротивно ќе тужел

Објавил: Мирко Бачиќ | 25 октомври, 2018 14:24

В’цето се налути, ќе го тужел Николоски

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Вице Заев, брат на премиерот на Македонија и претседател на СДСМ, Зоран Заев, се налути што потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Александар Николоски го посочил како соработник со Сашо Мијалков.

Братот на Заев кој заедно со нивниот братучед Трајче се “логистичката” поддршка на Зоран, се огласи со барање Николоски да му се извини за навредите.

Во недостиг на демократски капацитет и личен морален кредибилиет, а со цел да се релативизира фактот на антагонизмот кон ЕУ и НАТО, раководството на ДПМНЕ  перманентно изминатиот период  ја труе македонската јавност со прозивки на моето име во разни негативни конотации врзани за незаконски дејанија.

Ваквиот случај е последниот со изнесените невистини од страна на потретседателот на оваа партија, Александар Николоски. 

Барам кажаното во емисијата да го докаже  на начин што  сите евентуални докази  ке ги поднесе  до јавното обвинителство, а доколку не го стори тоа во рок од три дена, ќе  сметаме дека докази нема  и дека сето тоа е измислица ,па според тоа ќе поднесам тужба за нарушување на честа и угледот, бидејќи ми се нанесува политичка, но и материјална штета.

Вицето говори и за односот со Мијалков и приватниот бизнис.

Не гледам како може да се направи било каква споредба меѓу мене и поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков.

Ниту сум избран и именуван функционер, ниту имам некаква функција. Јас сум бизнисмен и со години работам во приватниот сектор. Моите фирми не учествувале на јавни тендери во изминативе години,а најмалку  во последните неполни две години во кои мојот брат, Зоран Заев е претседател на Владата на Република Македонија.

Она што не е јасно е каква политичка штета извршил Николоски ако Вице тврди дена нема партиска и политичка ангажираност туку дека е само бизнисмен во приватниот сектор?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.