Пендаровски изјави дека кога во 2017-та со Република Бугарија го потпишавме Договорот за добрососедство и пријателство, се чинеше дека постои јасно изразена политичка волја на двете страни да се имплементира договорот, според неговата содржина.

Објавил: Рејхан Бајрами | 19 ноември, 2020 8:08

Вчерашната вест од Брисел сите ја примивме со големо разочарување, вели Пендаровски!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Вчерашната вест од Брисел сите ја примивме со големо разочарување. За жал, точката за отпочнување на преговорите на нашата земја со ЕУ од страна на германското претседателство беше помината само информативно и не беше донесена никаква одлука, изјави претседателот Стево Пендаровски!

Во интервју за австриската ORF зборував за ветото од #Бугарија, за нашите ЕУ перспективи, за паралелата помеѓу Преспанскиот и Договорот за добрососедство и пријателство.

Пендаровски изјави дека кога во 2017-та со Република Бугарија го потпишавме Договорот за добрососедство и пријателство, се чинеше дека постои јасно изразена политичка волја на двете страни да се имплементира договорот, според неговата содржина.

Сега, истата политичка структура којашто стои зад потпишувањето на Договорот, излегува од неговите рамки и оди во спротивна насока од основните Европски принципи и вредности, потенцираше тој!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика