Се очекува Ахмети да отпатува за Хаг на крајот од овој месец, додека нешто конкретно во врска со неговата оставка ќе се случи во септември. Органите на партијата очигледно не се подготвени за оваа ситуација и не разговарале за да назначат наследник на функцијата претседател на партијата. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 22 август, 2020 19:41

„Газета експрес“: Али Ахмети ќе си даде оставка во септември?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По поканата да сведочи во Хаг, постојат сомневања дека Али Ахмети може да си даде оставка од позицијата претседател на ДУИ, бидејќи процесот на сведочење ќе биде долг, со што ‘ случајот го оневозможува Ахмети да ги извршува своите должности како претседател на партијата, пишува „Газета експрес“.

Се очекува Ахмети да отпатува за Хаг на крајот од овој месец, додека нешто конкретно во врска со неговата оставка ќе се случи во септември. Органите на партијата очигледно не се подготвени за оваа ситуација и не разговарале за да назначат наследник на функцијата претседател на партијата. 

Неофицијални извори зборуваат и за името на Артан Груби, кој можеби ќе биде в.д претседател на ДУИ до следниот партиски конгрес.

Груби доаѓа од позицијата прв вицепремиер на државата, што во случајов е највисоката позиција што ја има Албанец во Северна Македонија.

Али Ахмети претходно бил политички лидер на ОНА. Има забрана за влез во САД, Швајцарија и други европски земји, бидејќи се смета за закана по општата безбедност.

Ахмети завршил литература во Тирана. Во 1980 станал член на илегалната организација „Марксисти-ленинисти на Косово“. На 5 мај 2002 во Домот на културата во Тетово, ја промовирал политичката партија ДУИ, составена главно од поранешни команданти на ОНА, на чија како единствен кандидат е избран за претседател.

Членови на Централното претседателство на партијата се Гзим Острени, Азис Положани, Ризван Сулејмани, Хазби Лика, Хисни Шакири, Теута Арифи, Муса Џафери, Назми Бекири и Рафис Халити.

На Ахмети му била дијагностицирана шизофренија од страна на психијатри во Швајцарија, поради што и беше прогласен за неспособен за труд.

Одлежал две години затвор за „противуставна дејност“ во Македонија.

Голем дел од етнички македонските граѓани на Македонија го сметаат за терорист и одговорен за злосторствата над 12 киднапирани Македонци во Тетовско, работниците на Маврово, масакр кај Карпалак, масакр кај Вејце, исклучување на водата за пиење за Куманово од браната Глажња.

По случајот на 12 киднапирани Македонци од Тетовско, адвокатот Ванчо Шехтански побарал притвор и кривично гонење на Али Ахмети.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.