Поранешната министерка за култура Ганка Самоиловска Цветановска со "народна" поговорка го класифицираше "кодошењето" на Димитров во американската амбасада во Скопје

Објавил: Мирко Бачиќ | 17 декември, 2018 13:43

Ганка со “народна” поговорка го “поздрави” Димитров

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Поранешната министерка за култура, Ганка Самоиловска Цветановска, редовен критичар на актуелната власт но и одметнатите пратеници и функционери од ВМРО – ДПМНЕ.

Со “народна” поговорка, Ганка го “поздрави” Димитров, кој вчера повторно беше во фокусот на јавноста по реобјавата на информациите дека пред 10 години ги кодошел во амбасадата на САД во Скопје, тогашниот премиер Никола Груевски, министерот за надворешни работи, Антонијо Милошоски но и претседателот Бранко Црвенковски, се со цел да реализира промена на името.

Димитров во наведениот период бил главен преговарач за името.

Ганка на Твитер за “улогата” на Димитров напиша:

Македонски народни приказни:

Еден во шумата – комита;

Двајца во шумата – комита и војвода;

Тројца во шумата – комита, војвода и кодош.

Доброу утро, Македонијо!

Груевски и Црвенковски се карале за името, Димитров ги кодошел кај Рикер

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести