Прво ќе си понесете одговорност за потпишување на Преспанскиот договор, па за организирање на Референдум со манипулативно прашање.

Објавил: admin@magazin | 19 октомври, 2019 9:30

ГАНКА ЦВЕТАНОВА: Да го поништите Преспанскиот договор и да си го вратите името

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Во вчерашното обраќање до македонската нација, претседателот Стево Пендаровски повика на обединување на Македонија. Професорката Ганка Цветанова му порача на претседателот, дека за да почнеме со обединување, потребно е да се направат неколку важни работи:

Прво ќе си понесете одговорност за потпишување на Преспанскиот договор, па за организирање на Референдум со манипулативно прашање, за непочитување на волјата на граѓаните искажана на Референдумот, за промена на Уставот и името Република Македонија. Потоа ќе си го поништите Преспанскиот договор и ќе си го вратите името! Откако ќе завршите со сето ова, е тогаш можеме да почнеме да се обединуваме, порача Ганка Цветанова.

Претседателот Стево Пендаровски вчера рече дека емоциите и разочараноста да се тргнат на страна и трезвено да се соочиме со новата реалност“. 

Европските стандарди треба да станат домашни стандарди, барам интензивирање на реформите, справувањето со организираниот криминал и високата корупција, како и реализација на договорите со Бугарија и со Грција.

Да не се прават политички тензии и да не се шири незадоволство кон некои земји членки на Унијата, кои ги штитат своите специфични национални интереси.

Тој ги и повика претседателите на најголемите партии в недела на лидерска средба за да покажат единство околу нашата стратешка ориентација.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика