Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ е веројатниот иден премиер и сите сметаат на него, истакна новинарот на весникот „Ла Верита“, Ларис Гајзер во интервју за Алфа ТВ.

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 октомври, 2019 18:43

Гајзер: Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ веројатно ќе биде иден премиер

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Италијанскиот новинар Ларис Гајзер во интервју за Алфа ТВ истакна дека веројатно Христијан Мицкоски претседателот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ веројатно ќе биде иден премиер на државата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ е веројатниот иден премиер и сите сметаат на него, истакна новинарот на весникот „Ла Верита“, Ларис Гајзер во интервју за Алфа ТВ.

Ла Верита по објавата на снимката од Рекет доби голема популарност во Македонија, но и на Балканот

Интервјуто со познатиот новинар кој ги објави снимките за случајот Рекет, ќе се емитува вечерва во 18 часот на Алфа Телевизија, а тој во него говори зошто не смее да ја посети Македонија, какви материјали поседува и дали ќе ги објави.

Инаку, Гајзер во Македонија е познат по тоа што ја откри аферата „Рекет“ и објавуваше видеа за овој случај.

Инаку италијанскиот весник Ла верита каде е вработен Гајзер утринава објави по однос на Балканот, Конте “се витка” пред ЕУ. Без разлика на откриените скандали од страна на “Ла Верита”, Италија е подготвена да го поддржи македонскиот премиер Заев.

Во континуитет со меката линија на Могерини.

Пишува Ларис Гајзер

Последниот европски совет беше запаметен по блокадата за влез во ЕУ на Албанија и Македонија. Негативниот исход се должи на Франција, според која, пред се во Македонија има коруптивни случаеви (меѓу кои и оние откриени од Ла Верита), доволни за да не отпочне проширувањето. Од тогаш, како во Брисел, така и во Македонија, Франција се смета како големиот предавник на европските идеали. Францускиот амбасадор во Скопје, Кристијан Тимоние е секојдневно под директен напад од страна на телевизиите контролирани од Зоран Заев, а европскиот парламент ги осуди вчера Франција, Данска и Холандија поради тоа што ги блокирале преговорите со двете балкански држави.

Целата коумна може да ја прочитате ОВДЕ.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика