Гајзер вели дека поранешниот премиер  Зоран Заев уште минатата година во августстанал неважен за меѓународното друштво, а воедно и никој не верува во неговата невиност. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 20 јуни, 2020 12:49

Гајзер се огласи по пресудата за Рекет: Заев е во паника, Боки 13 ќе ги открие неговите мрачни тајни

Фото/Текст извор: ©Ало.рс

Новинарот Ларис Гајзер, оној кој ги обелодени снимките за случајот Рекет во италијанскиот весник сега ја коментираше пресудата за случајот.Имено Боки 13 доби 9 години затвор а Катица Јанева, поранешната шефица на СЈО 7 години пишува Ало.рс.

Катица и Боки 13 се осудени за случајот Рекет, поради тоа што од ноември 2018 година до април 2019 земале 1,55 милиони евра од Јордан Камчен, еден од најбогатите Македонци, а за возврат да му ја „олеснат позицијата“ во предметот Империја на СЈО во кој беше првоосомничен.

-Се надевам, како и веројатно голем дел од Македонците, дека оваа пресуда е само почеток. Мислам дека јасно докажав дека врвот на злосторничката пирамида беше политички, како и дека политичкиот врв тесно соработувал со дел од правосудниот систем. Впрочем, дури и јавното обвинителство го воделе истите лица за кои открив дека се поврзани со огромниот мафијашки октопод развиен во време на владеењето на Зоран Заев. Сепак, не можеме да очекуваме дека виновниците сами себе ќе се осудат, наведува Гајзер за „Ало“.

На прашањето дали по пресудата на Боки 13 и Катица Јанева очекува и нови обвиненија, одговара:

-Мислам дека сликата ќе се промени по изборите во Македонија, особено во случај Трамп да освои втор мандат. Последните месеци Зоран Заев сакаше брзи избори бидејќи беше исплашен од можната казна. Сега може малку да дише, но по изјавите на Боки во судот (Боки 13 му порача на судот дека парите може да ги најде кај браќата Заев), можеме да очекуваме почеток на втор круг. Во променето политичко друштво и чист правосуден систем, сигурен сум дека Боки и Катица ќе пронајдат храброст да ја кажат целата вистина за многу тажен дел од македонската историја

Гајзер вели дека поранешниот премиер  Зоран Заев уште минатата година во августстанал неважен за меѓународното друштво, а воедно и никој не верува во неговата невиност. 

 По речиси една година од моите тесктови никој во светот не верува во неговата невиност. Според тоа, тој е бескорисен за вистинските политички играчи. За СДСМ е политичко самоубиство дури и ако уште го води како лидер на следните избори. Неговата присутност го осудува да биде поразен. Сето ова се добри аргументи во корист на ставот дека тој е минато во политичката арена, со или без продолжување на судската постапката, вели Гајзер за Ало.рс.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести