Генерал Франко важеше за диктатор по владеење а за фашист по убедување

Објавил: Мирко Бачиќ | 26 август, 2018 8:29

Генерал Франко конечно ќе замине во историјата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Шпанската влада усвои законски амандмани со кои се овозможува посмртните остатоци на диктаторот Франциско Франко да бидат тргнати од контроверзниот мавзолеј.

Франциско Франко Баамонде ( 4-ти декември 1892 година – 20-ти ноември 1975 година) бил шпански диктатор и водач на националистичкиот воен бунт во Шпанската граѓанска војна но и авторитатен водач на Шпанија од октомври 1936 -та година па се до неговата смрт во ноември 1975-та година. Тој дошол на власт преку екстремната десничарска Шпанска фаланга меѓутоа тоа било од пропагандни причини затоа што се смета дека тој не припаѓал на ниту една политичка партија пред да ја заземе власта во државата. Како врховен водач на Шпанија Франко ги користел титулите Каудилјо и Генералисимус но исто така бил формално именуван како неговата екселенција и шеф на државата.

Заменик премиерката Кармен Калво изјави дека малцинската социјалистичка влада е уверена дека парламентот ќе ја поддржи оваа одлука веројатно на седница идниот месец.

Амандманите на шпанскиот Закон за сеќавање на историјата од 2007-ма и дозволува на владата да го ексхумира телото на Франко со што ќе ги оневозможи правните напори на неговите наследници и поддржувачи да ја блокираат ексхумацијата.

Посмртните остатоци на диктаторот ќе бидат остранети од Долината на паднатите контроверзниот мавзолеј што тој лично наредил да се изгради 50-тина километри северозападно од Мадрид за сите загинати во граѓанската војна 1936-та – 1939-та година.

По неговата смрт Шпанија започнала транзиција кон демократијата. Денес симболите од Франковиот режим како што се националниот грб или знамето со царски орел,се забранети со закон во Шпанија.

Во текот на Втората Светска војна Франко водел официјално политиката на неутралност делумно поради тоа што Шпанија не била закрепната од граѓанска војна. Сепак тој го поддржал формирањето на шпанската волонтерска т.н. Сива дивизија која се борела на Источниот фронт како дел од силите на Оската против Советскиот Сојуз.

Се смета дека не го поддржувал Хителер и Германија но дека бил приврзаник на нацистичкиот режим.

Режимот на Франко бил мразен од кубанскиот водач Батиста кој предложил заедничка акција помеѓу латинските држави и Соединетите Американски Држави за соборување на Франко во Шпанија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.