Поранешниот премиер најави дека ќе има јавни настапи со цел да разбие некои тези што во моментов се шират во Бугарија и таа да може правилно да го процени однесувањето на македонското раководство.

Објавил: Рејхан Бајрами | 22 октомври, 2020 21:20

Георгиевски во Софија на средба со Захариева: Остваривме плодна средба рече министерката!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Лидерот на ВМРО-Народна партија, г-динот Љубчо Георгиевски денеска оствари средба со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева.

„Јас и мојот тим денеска остваривме плодна средба со нашиот пријател од Република Северна Македонија и нејзиниот премиер од 1998 до 2002 година Лубчо Георгиевски“!

Георгиевски смета дека Софија не разбира што значи македонски претседател или премиер да објави дека Гоце Делчев е заеднички херој и на Македонија и на Бугарија. Љубчо Георгиевски повеќепати ја потенцираше позитивната улога на претседателот Стево Пендаровски и, особено, на премиерот Зоран Заев, кои се за приближување кон Бугарија, која тие ја опишаа како пријателска земја, пренесе БГНЕС.

Поранешниот премиер најави дека ќе има јавни настапи со цел да разбие некои тези што во моментов се шират во Бугарија и таа да може правилно да го процени однесувањето на македонското раководство.

Георгиевски смета дека Софија не разбира што значи македонски претседател или премиер да објави дека Гоце Делчев е заеднички херој и на Македонија и на Бугарија.

Љубчо Георгиевски повеќепати ја потенцираше позитивната улога на претседателот Стево Пендаровски и, особено, на премиерот Зоран Заев, кои се за приближување кон Бугарија, која тие ја опишаа како пријателска земја, пишува БГНЕС.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика