Бранко Геровски да биде поинтересен напишал Ден Дончев, кадар на Георгиевски.

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 мај, 2020 20:31

Георгиевски: Ден Дончев ни беше наметнат од страна, во ниедна партија немаше расположение за него!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Љубчо Георгиевски претседателот на ВМРО НАРОДНА ПАРТИЈА, на својот Фејсбук профил сподели статус поврзан со Ден Дончев, директорот на Фондот за здравство кој вчера си поднесе оставка.

Бранко Геровски да биде поинтересен напишал Ден Дончев, кадар на Георгиевски. Ден последен пат бил мој кадар на изборите 2006 и тогаш кога стана пратеник набрзо почна самостојно да се договара, вели Георгиевски.

Љупчо Георгиевски е претседател на ВМРО-Народна партија. Тој е првиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, од нејзиното основање во 1990, до мај 2003 година. Тој е првиот потпретседател на Република Македонија по прогласувањето на нејзината независност во 1991 година. Од 1998 до 2002 бил Премиер на Република Македонија.

Со појавата на Обединети за Македонија и формално помина таму каде стана генерален секретар. Како што разбрав и таму по првите избори ги напуштил и заминал за Австралија.

Повторно се појави пред изборите 2016 и ни во една од партиите немаше расположение за него. Но ни беше наметнат од страна.
Потцртувам:Од повеке фактори од страна! Но тогаш сите бевме во коалиција против режимот, каде што беше и ти Branko Geroski.

Од изборите до пред еден месец очи му немам видено…
Инаку по логиката на Геровски и секогаш кога пишува за Груевски може да додава „кадарот на Георгиевски“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести