​Делегација на германската фабрика „Гересхајмер", предводена од потпретседателот Оливер Бургел, одржаа работна средба со премиерот Зоран Заев на која беа презентирани плановите за инвестиции на компанијата во земјава.

Објавил: Перо Милчин | 27 април, 2021 8:12

„Гересхајмер“ денеска отвора фабрика во ТИРЗ Скопје 2, најавува и нова инвестиција

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Германската компанија „Гересхајмер“ денеска официјално ќе отвори фабрика во Технолошко индустриската развојна зона Скопје 2 во Бунарџик. 

​Делегација на германската фабрика „Гересхајмер”, предводена од потпретседателот Оливер Бургел, вчера одржаа работна средба со премиерот Зоран Заев на која беа презентирани плановите за инвестиции на компанијата во земјава.

Првиот инвестициски циклус на „Гересхајмер” е петгодишен и започна во 2019 година, а се очекува да заврши до 2024 година со инвестиција од најмалку 25 милиони евра.

Како резултат на добрата деловна клима во земјата и поддршката на Владата, делегацијата на германската „Гересхајмер”, на средбата во Влада најави и втор инвестициски циклус за производство на стаклени шприцеви за медицински цели.

Според најавите, втората ќе биде најголема странска инвестиција досега реализирана во една фаза.

„Гересхајмер” е водечки глобален партнер во фармацевтската и здравствената индустрија кој произведува специјализирани производи од медицинско стакло и пластика. Во првата фабрика на „Гересхајмер” во Македонија се произведуваат пластични системи за фармацевтската индустрија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...