Одлуката, која важи до 17 февруари, се однесува на Велика Британија, Ирска, Бразил, Португалија и Јужна Африка, со цел „заштита на германското население“, објави Министерството за здравство на Германија.

Објавил: Мирко Бачиќ | 29 јануари, 2021 20:45

ГЕРМАНИЈА ГИ ЗАТВОРИ ГРАНИЦИТЕ ЗА ПАТНИЦИ ОД 5 ЗЕМЈИ: Сака да спречи ширење на нов вид корона

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Од утре, Германија ќе го ограничи влезот на нејзината територија, по копно, море или воздух, за патниците кои доаѓаат од пет земји кои се сериозно погодени од разни видови на „ковид 19“, соопшти денеска владата.

Одлуката, која важи до 17 февруари, се однесува на Велика Британија, Ирска, Бразил, Португалија и Јужна Африка, со цел „заштита на германското население“, објави Министерството за здравство на Германија.

„Целта на оваа регулатива е да се ограничи ширењето на нови видови на вирус“, објасни Министерството за здравство.

Постојат одредени исклучоци за оваа мерка, односно за Германците кои живеат во тие земји, државјани на тие земји што престојуваат во Германија, патници во транзит или за проток на стока, превоз за медицински цели, се наведува во документот.

Министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер рече дека сака да го намали меѓународниот воздушен сообраќај кон Германија на скоро нула поради континуираното ширење на пандемијата, како што тоа веќе го стори Израел.

Веќе неколку месеци влегувањето во Германија станува сè покомплицирано за граѓаните од околу 160 земји во светот, со обврска да поминат негативен PCR-тест за вирусот корона стар помалку од 48 часа или 10-дневен карантински тест по пристигнувањето!

Карантинот може да се скрати на пет дена по друг негативен тест.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Европа

- Русија мора да биде принудена да го почитува меѓународното право и да престане со агресивните активности и активности насочени кон монополизирање на енергетската ситуација во Европа. Додека не го направат тоа, нема да бидат партнер, прво треба да се однесуваат како нормална држава. Тие сакаат да го прошират своето влијание, а денеска разговарав со Ѓукановиќ за тоа. За агресијата во Украина, обидите за дестабилизација на ситуацијата во БиХ, Косово... Треба да го запреме тоа и тоа беше тема на разговорот и пред се прашањата што му ги поставив на претседателот како личност која ја познава политиката во регионот и ја знае ситуацијата совршено, во најситни детали - рече тој е Дуда.

Ѓукановиќ вели дека сме сведоци на значителен пустош на општествата од Западен Балкан.

- Ова е последица на отсуството на попроактивна политика за проширување на ЕУ, но и искористување на тој простор од деструктивната политика на Русија. Мислам дека тоа е нешто што не обврзува да се обидеме да го спречиме идното оддалечување на регионот од евроатлантскиот автопат. Русија се обидува да ги врати правилата на политиката на Студената војна преку ревизија на историјата и да го искористи правото да одлучува за судбината на другите - смета Ѓукановиќ.


Тој смета дека Европа минува низ историски тест.

- Или ќе го запреме агресорот и потоа ќе го казниме со политичката и правната казна што следува по тој што убива народ. Или ќе им ја отвориме вратата на идните агресори. Затоа мислам дека ова е историско судење - посочува Ѓукановиќ.

Ѓукановиќ бара казна за Русија: Или Европа ќе го запре агресорот или ќе ги отвориме вратите за идните агресори

Правото што Црна Гора го бараше со враќање на независноста и слободно избирање на својот...

Меѓу самостојните надлежности во Швајцарија спаѓаат здравството, социјалата, редот и мирот и образованието, и данокот.

Сите зборуваат за Швајцарија а многу малку знаат за Вестфалскииот мир

Швајцарија е поделена на 26 кантони — сојузни единици што ја сочинуваат државата. Од...