Шефот на дипломатијата на Словачка, Корчок, пак, смета дека Советот на ЕУ треба да го тргне ветото за С Македонија што го стави Бугарија.

Објавил: Перо Милчин | 7 мај, 2021 12:15

Германија и Словачка бараат Скопје и Тирана заедно да ги почнат преговорите со ЕУ во јуни

Фото/Текст извор: ©alsat

Германија и Словачка се залагаат Македонија и Албанија во јуни заедно да ги почнат преговорите за членство во ЕУ, објавија на Твитер германскиот министер за Европа Михаел Рот и словачкиот министер за надворешни работи Иван Корчок.

– Германија ја поддржува целта на португалското претседателство со ЕУ да се одржи првата меѓувладина конференција со Албанија и Македонија во јуни. Двете земји ги испорачаа бараните реформи – сега мора и ЕУ да испорача.

Понатамошното одложување ги поткопува кредибилитетот на ЕУ и стабилноста на регионот, напиша Рот, како реакција на изјавата на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји за Еуроњуз дека Брисел би можел да ги почне пристапните преговори со Тирана, ако Скопје и Софија не изнајдат заеднички прифатливо решение за историскиот спор.

Шефот на дипломатијата на Словачка, Корчок, пак, смета дека Советот на ЕУ треба да го тргне ветото за С Македонија што го стави Бугарија.

Кредибилна политика за проширување на ЕУ сега значи отфрлање на ветото во Советот, кој треба да го признае напредокот на Северна Македонија и Албанија. Одржувањето на меѓувладините конференции со двете земји веќе многу дозцни, напиша Корчок.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.