Вчера беше последен датум кој СЗО го одреди како краен рок членките да се приклучат кон “Ковакс”, чија цел е купување на вакцина, односно обезбедување на нејзина ефикасна и чесна поделба ширум светот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 септември, 2020 9:32

Германија нема да набавува вакцини преку СЗО

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вчера извори од германската администрација посочиле дека и Германија се приклучила на Франција во одлуката да не ја купува потенцијалната вакцина против коронавирусот преку програмата на Светската здравствена организација, иако го поддржува тој проект.

Наводно Берлин нема да зима резерви преку програмата на СЗО, “Ковакс”, туку потенцијалните вакцини ќе ги зема преку проектите на ЕУ. До сега како што истакна генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, повеќе од 170 земји се приклучиле на тој проект.

Вчера беше последен датум кој СЗО го одреди како краен рок членките да се приклучат кон “Ковакс”, чија цел е купување на вакцина, односно обезбедување на нејзина ефикасна и чесна поделба ширум светот.

Изворите истакнуваат дека Германија го поддржува “Ковакс” и дека Европската комисија на овој програм му дава 400 милиони евра од буџетот за развој на Унијата, но не е познато дали Берлин ќе дава дополнителни средства како што планира Франција.

СЗО побарала од администрациите на земјите од светот да се приклучат кон програмот “Ковакс”, за да се обезбеди вакцината да биде поделена чесно и ефикасно, и да се спречи вакцинациски национализам.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.