Министерот за надворешни работи Хајко Мас го поздрави отворањето на германско-луксембуршката граница како важен знак дека патувањата во Европа се враќаат во нормала!

Објавил: Перо Милчин | 16 мај, 2020 21:28

Германија објави кога ќе ги укине контролите на границите!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Германија денеска ја отвори границата со Луксембург и ги намали мерките на неколку други граници со најава дека контролата ќе биде целосно укината на 15 јуни.

Министерот за надворешни работи Хајко Мас го поздрави отворањето на германско-луксембуршката граница како важен знак дека патувањата во Европа се враќаат во нормала!

Германија денеска ја отвори границата со Луксембург и ги намали мерките на неколку други граници со најава дека контролата ќе биде целосно укината на 15 јуни!

Контролите на германските граници од денеска нема да бидат систематски, а кон Франција, Австрија и Швајцарија, во договор со овие држави, ќе отпаднат целосно од 15 јуни, ако состојбата со коронавирусот тоа го дозволува!

Германскиот сојузен министер за внатрешни работи Хорст Зехофер на прес конференција во Берлин најави дека поради корона-кризата воведените гранични контроли кон Австрија, Швајцарија и Австрија во основа ќе бидат продолжени, но до 15 јуни.

Но, веќе од денеска на сите германски гранични премини кон овие држави нема веќе да се вршат систематски контроли, туку само поединечни по принцип на случаен избор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.