Германија моментно претседава со ЕУ, а досега имаше заштитнички став кон СЗО, која е под жестоки критики од Вашингтон, кој најави повлекување од организацијата поради отстапки кон Кина. Сега се чини дека Берлин зазема поизразен став.

Објавил: Катерина Крстиќ | 17 јули, 2020 11:53

Германија: СЗО да ја забрза ревизијата на своето управување со пандемијата

Фото/Текст извор: ©миа.мк

Германскиот министер за здравство Јенс Спан ја повика Светската здравствена организација (СЗО) да ја забрза својата ревизија на управувањето со пандемијата на новиот коронавирус, што претставува знак дека Европа зазема построг став кон ова тело на ОН.

Германија моментно претседава со ЕУ, а досега имаше заштитнички став кон СЗО, која е под жестоки критики од Вашингтон, кој најави повлекување од организацијата поради отстапки кон Кина. Сега се чини дека Берлин зазема поизразен став.

Светска здравствена организација или СЗО (англиски: World Health Organization, WHO) — посебна организација на Обединетите нации која делува како координативно тело на меѓународното јавно здравство. Седиштето и е во Женева во Швајцарија. СЗО ја основале ООН на 7 април 1948 година. Моментален (2008.) генерален директор е д-р Маргатет Чан. СЗО е наследничка на Здравствената организација (Health Organization), која била агенција на Лигата на нациите.

– Кога станува збор за повторна проценка на работата на СЗО за време на кризата, имав можност да разговарам во вторникот во Париз со директорот Тедрос Аданом Гебрејесус, како и пред две недели во Женева. И во двата разговора јасно го охрабрив да основа независна експертска комисија и да го забрза почетокот на нивната работа, истакна Спан.

СЗО минатата недела објави дека ќе формира независна комисија за проценка на управувањето со пандемијата и одговорите на владите на коронавирусот.

Гебрејесус истакна дека комисијата во ноември ќе го достави својот прв извештај до министрите за здравство, а конечниот ќе биде подготвен во мај следната година.

Спан нагласи дека извештајот е важен сега, додека пандемијата сè уште се шири низ светот, бидејќи „веќе можат да се извлечат заклучоци“.

Европските земји сметаат дека ревизијата треба да биде придружена со реструктуирање на организацијата, за што веќе се дискутирало во ОН, како и во Г7. (MИА)

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести