Како што објави Билд, неколку тајни служби сакаат да ѕирнат што има во досието на Канцеларката, но тоа оди тешко.

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 јули, 2019 18:42

Германската војска го чува здравствениот картон на Меркел- нејзината здравствена состојба се чува во тајност

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пред неколку дена во јавноста одекна веста дека германската канцеларка Ангела Меркел крие дека е тешко болна. Ова го објави „Билд“, каде наведува дека Меркел крие дека е тешко болна знаејќи дека светските државници преку своите разузнувачки служби сакаат да дојдат до нејзиниот здравствен картон.

Германската војска го чува здравствениот картон на Меркел, а странски служби сакаат да дојдат до досието…

Како што објави Билд, неколку тајни служби сакаат да ѕирнат што има во досието на Канцеларката, но тоа оди тешко.

Сепак, тоа оди тешко бидејќи здравствнениот картон на Канцеларката го чува германската војска во добро обезбедена здравствена установа.

 

Здравствената состојба на сите политичари во Германија се смета за личен податок и строго чувана тајна. Поради тоа странските служби сакаат да имаат увид во картонот на Канцеларката – пишува „Билд“.

Но денеска повторно канцеларката се соочи со истиот проблем. Меркел и денеска пред камерите повторно не се чуствуваше добро. Канцеларката на церемонијата на именување на нов министер за правда, стоејќи до претседателот Франк-Валтер Штајнмајер повторно не изгледаше добро и се тресеше.

На Меркел и била понудена чаша вода, но таа одби.

Дел од медиумите објавија дека Меркел по половина час пристигнала во Парламентот и изгледала добро.

Речиси истата сцена се одигра и додека Меркел го пречекуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски, десет дена претходно.

Меркел стоеше веднаш до Зеленски на сонце додека воениот бенд ги свиреше химните на Германија и Украина кога почна да се тресе.

По интонацијата на химната, таа делуваше подобро, отккао изјави дека испила три чаши вода.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести