Шафер (54), кој беше во брак и имаше две деца, вчера беше пронајден мртов во близина на железничката пруга.

Објавил: Рејхан Бајрами | 29 март, 2020 18:53

ГЕРМАНСКИ МИНИСТЕР ИЗВРШИ САМОУБИСТВО ПОРАДИ КОРОНА: Бил загрижен поради последиците на епидемијата!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерот за финансии на Хесе, Томас Шафер се самоуби затоа што бил „длабоко загрижен“ за ефектите од епидемијата на вирусот корона врз економијата, изјави денеска премиерот на покраината, Фолкер Буфија.

Шафер (54), кој беше во брак и имаше две деца, вчера беше пронајден мртов во близина на железничката пруга. Тој беше член на демохристијанската партија (ЦДУ) на канцеларката Ангела Меркел.

Истрагата досега покажа дека си го одзел животот. Полицијата и обвинителството велат дека тоа е заклучокот според сите фактори, вклучително и испитувањето на сведоците.

Обвинителството од Визбаден го смета за самоубиство.

Најмногу жртви поради последица од корона вирусот има во Италија, кој до сега 756 луѓе починале од коронавирус за еден ден, а пријавени се 5.217 нови случаи.

Вкупно 10.770 луѓе починаа во Италија досега, а бројот на заболени достигна 97.000 лица.
Претходно денеска беше објавено дека во Ломбардија починале 416 лица, а регистрирани се уште 1592 нови случаи, што е намалување во последните два дена.

„Ова е индикација дека го достигнуваме врвот на епидемијата“, рече претседателот на Ломбардија, Атилио Фонтана.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Автобусот скршнал од патот и паднал во близина на железничка пруга во округот Местре, кој со мост е поврзан со Венеција. Причината за несреќата е сè уште непозната, пренесува Ројтерс.

Најмалку 20 луѓе настрадаа по пад на автобус од надвозник во близина на Венеција

Најмалку 20 луѓе загинаа синоќа откако автобус кој превезувал туристи слетал од надвозник...

Катастрофата се случила кога експресниот воз што сообраќал од индискиот технолошки центар Бенгалуру до Калкута излетал од шините, паѓајќи на соседната пруга.

400 ЗАГИНАТИ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА Ова е еден од најсмртоносните судари во Индија

Најмалку 288 луѓе загинаа, и над 850 се повредени во судир на три воза во Индија, соопштија...