Вулин не сфаќа дека сите граѓани на Македонија се загрижени поради влошувањето на односите меѓу Белград и Приштина.

Објавил: Перо Милчин | 2 јуни, 2019 11:58

Геровски удри жестоко по српскиот министер : “Мал е Вулин да го замолчува Пендаровски„

Фото/Текст извор: ©плус инфо

Министерот за одбрана на Србија, Александар Вулин, остро реагирал на изјавата на македонскиот претседател Стево Пендаровски во петокот, дека идејата за корекција на границите помеѓу Белград и Приштина е незамислива и грозна.

Бреј, бреј, бреј… Го прочитав тоа „остро“ тупење и морам да ви кажам дека Вулин, еден од нај комичните Вучиќеви министри, пак се избрукал и по којзнае кој пат и ја демонстрирал својата трагична дезориентација.

Тој човек очигледно не знае дека кај нас, за разлика од Србија, претседателот е претседател на сите граѓани, од сите етнички заедници. Не верувам дека Албанците во Србија Вучиќа го доживуваат како свој претседател. Кај нас не е така. Пендаровски е претседател на сите, не само поради тоа што кај нас тоа веќе е дел од генералното политичко искуство, туку и поради својот личен однос.

Освен тоа, Вулин не сфаќа дека сите граѓани на Македонија се загрижени поради влошувањето на односите меѓу Белград и Приштина. Сите чувствуваме дека тоа ги загрозува мирот и стабилноста во целиот регион, што може да има неповолен импакт и врз нашата земја.

А за разлика од Македонија, каде односите меѓу Албанците се менаџираат релативно успешно (покрај сите грешки и зла од минатото, та дури и наспроти една краткотрајна и валкана војна во 2001 година), властодржците во Србија, но и голем дел од опозициските политичари, сѐ уште живеат со илузијата дека само тие умеат како да се справат со Албанците и да ги држат во покорност.

Резултатот го гледаме – од година в година, чекор по чекор, Белград ја губи контролата над територијата која некогаш се сметаше за „срцето на Србија“, а сега, според признанието на самиот Вучиќ, е „гангрената на Србија“.
И додека Вулин и српските властодржци живеат со митовите за „Голема Албанија“ и „Голема Србија“, додека цртаат нови и нови граници во своите глави, испровоцирани и од тврдоглавоста на нивните соперници од Приштина, ние, граѓаните на Македонија, Балканот го замислуваме како свет без граници, како регион во кој слободните народи ќе соработуваат, ќе се дружат, ќе патуваат по новозизградените автопати и нема да се оддалечуваат едни од други, туку напротив – ќе се зближуваат.

И затоа, сите ние во Македонија – или еве, да не претерувам, мнозинството граѓани на оваа земја – навистина сме убедени дека идејата за било какво ново разграничување е грозна и недостојна за 21 век. Баш така како што вели нашиот претседател Стево Пендаровски. Доста ни е од тие глупави граници!
Пендаровски, едноставно и јасно, го артикулира нашето мислење и со него достојно меѓународно нѐ претставува. Нема подостојна работа од тоа да се зборува вистината. А тој има и уставна надлежност да ја претставува оваа земја.
Ако малку подобро размисли, Вулин ќе сфати дека изјавата на Пендаровски имено е израз на почитување кон Србија. Но, дали смее и дали може подобро да размисли? Веројатно тоа е мисловна операција за која Вулин сепак не е способен, бидејќи тој е човек со душата и со мислите во „славните“ порази на Србија од минатото, човек кој сѐ уште не сфаќа кој ја предизвика „агресијата на НАТО кон Србија“ и зошто Македонија го призна Косово. Вулин веројатно заспива со мапата на „Голема Албанија“ под перница и потоа сонува кошмари. Тој и таквите како него, се заробеници на минатото и никако не успеваат да го свртат погледот напред, кон иднината.

Како и да е, тоа е проблем на Србија, а не на Македонија. Непристојниот обид на министерот Вулин да се замолчи човек кој слободно размислува, како што и самиот почувствував, е национален спорт во таа земја.

Но, овој човек што сега треба да се замолчи, не е баш обичен човек, тој е претседател на една соседна земја, избран легално и легитимно, со што му се дадени не само уставните надлежности што му припаѓаат, туку и значајни политички обврски.

Пендаровски не смее, не може и нема да дозволи да биде замолчуван од било кого. Молчењето не е работа за која е избран и платен од овој народ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...