Новинарот Бранко Героски, на социјалните мрежи напиша дека ако се докаже делото, ќе се изрече затворска казна од најмалку 3 години за обвинителката Катица Јанева.
Героски пишува дека обвинителката е осомничена за прибавување имотна корист во значителен обид од 1.5 милиони евра, а мебелот е споредна работа. Тој вели дека Катица е осомничена за кривично дело Злоупотреба на службена положба по член 353 став 3 вв став 1 од КЗ на РМ.
-АЈ ДА ВИ БИДЕ ПОЈАСНО НА СИТЕ. КАТИЦА ЈАНЕВА Е ОСОМНИЧЕНА ЗА ПРИБАВУВАЊЕ ИМОТНА КОРИСТ ВО ЗНАЧИТЕЛЕН ОБЕМ ОД 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА – МЕБЕЛОТ Е СПОРЕДНА РАБОТА. АКО СЕ ДОКАЖЕ ДЕЛОТО, ЌЕ СЕ ИЗРЕЧЕ ЗАТВОРСКА КАЗНА ОД НАЈМАЛКУ 3 ГОДИНИ!
Дечки, ај да појасниме на време. Катица е осомничена за кривично дело Злоупотреба на службена положба по член 353 став 3 вв став 1 од КЗ на РМ.
Станува збор за прибавување “имотна корист во значителен износ” од 1,5 милиони евра.За ова дело запретена е затворска казна од најмалку 3 години. Од прибавената имотна корист за себе зела мебел што и го набавил еден од осомничените.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.