Нормално е дека ВМРО-ДПМНЕ печали од овој скандал. И нормално е ако вмровците можат некако да ви ја дозапржат чорбата, да го сторат тоа.

Објавил: Рејхан Бајрами | 9 август, 2019 18:03

ГЕРОСКИ: “ВМРО-ДПМНЕ печали од овој скандал и ВМРОВЦИТЕ ако можат ќе ви ја дозапржат чорбата”

Фото/Текст извор: ©плус инфо

Другарки и другариња, ако ви е ноќен кошмар помислата дека Никола Груевски ќе ви се врати на бел коњ (нема да се случи тоа, ама ве разбирам зошто дувате на муќеница), ако баш сакате да ги пронајдете луѓето што свесно или несвесно работат во полза на ВМРО-ДПМНЕ, погледнете околу себе, пишува во најновата колумна новинарот Бранко Героски!

Другарки и другарчиња, да ви каже нешто Геро Дедичи – ова спинов дека аферата „Рекет“ е дело на ВМРО, на Никола Груевски, на Христијан Мицкоски или на некој факман од „вмровски происход“, ви е глуп ко ноќ!

Да ви повторам уште еднаш – спинот ви е глуп ко ноќ!
Начинот на кој се вадите од лајната во кои зацапавте, ме потсетува на оној легендарен виц, кога жената го фаќа мажот со швалерката во кревет, угол голи и во мисионерска поза, а тој ѝ вели: „Душо, не е така како што изгледа. Па зарем повеќе им веруваш на своите очи одошто не мене?“

Нормално е дека ВМРО-ДПМНЕ печали од овој скандал. И нормално е ако вмровците можат некако да ви ја дозапржат чорбата, да го сторат тоа. Само, не верувам дека се способни за вакви големи игри. Можеби грешам, не знам. Во секој случај, работа на опозицијата е да ги (зло)употребува сите ваши скандали, а ваша работа е да не ѝ давате повод за тоа.

За жал, вие секој ден произведувате скандали и скандалчиња. Кој ви е виновен? Се сеќавате ли што правевте вие кога бевте во опозиција? Мора да се сеќавате, бидејќи ние тогаш заедно, буквално секој ден, ги ловевме грешките, глупостите и скандалите на режимот на Груевски. Убаво ви беше тогаш? Убаво ви беше кога ги рокавте „бомбите“? Се сеќавате ли како изледаа тогаш насловните страници на „Слободен печат“ под мое раководство?
Денес еден пријател ми вели – Геро, сево ова што го правиш е во ред, но потребно е уште да додадеш дека не си поврзан со ВМРО и со Груевски (и со мафијата, ова јас го додавам), за луѓето да не помислат дека си преминал на другата страна. Го разбирам човекот, но нема да го сторам тоа. Со индигнација одбивам да го кажам тоа! Ми се гади од помислата да изустам такво нешто! А ќе ви кажам и зошто…
Затоа што јас не сум некој Бобо, на пример. Тој Бобо, што го спомнува Камчев во снимките, можеби треба да објасни дали преминал „на другата страна“. Не сум јас како некои ликови од околината на Заев, кои шурувале и шуруваат со луѓе блиски до поранешниот режим, правеле и прават заеднички зделки, тргувале и тргуваат со влијание, а како што гледаме, богами и со пари. Јас не сум еден од оние луѓе „од поранешната, но и од сегашната власт“, како што вели Катица Јанева, од естаблишментот, на кои бесната специјална обвинителка им се заканува дека ќе ги каже. Со еден збор, јас немам ни потреба, ни желба, а и не е ни мој стил да се оправдувам.

Другарки и другариња, ако ви е ноќен кошмар помислата дека Никола Груевски ќе ви се врати на бел коњ (нема да се случи тоа, ама ве разбирам зошто дувате на муќеница), ако баш сакате да ги пронајдете луѓето што свесно или несвесно работат во полза на ВМРО-ДПМНЕ, погледнете околу себе.

Тие се тука до вас, со нив се поздравувате и правите селфија. Тие уште на самиот почеток се приклучија на инсталациите на Никола Груевски, ги лапнаа вимињата што принудно ги беше напуштил бегалецот од Будимпешта и почнаа да цицаат. Сѐ уште цицаат…
Затоа се бесни и збунети. Ова со Боки Тредичи и со Катица масираната, не смееше да им се случи. Затоа сега се караат меѓу себе, си вадат очи, се распаѓаат во бунило, а згора се дават во сопствените блесави спинови, несвесни дека народот не е глупав и дека е тотално разочаран од нив.
Сѐ уште има малку време за брза и спасоносна хируршка интервенција да се отстрани болното ткиво, но вашите шефови, другарки и другарчиња, не покажуваат ни елементарни знаци на свесност за ситуацијата со која се соочуваат и за тежината на кризата што вака невешто ја менаџираат. И јас и вие и цела Македонија очајно посакуваме тие да си ја чукнат главата и во последен момент одлучно да ги повлечат вистинските потези.
Оти, не знам дали сфаќате колку е сево ова страшно…

Еден ден, на поколенијата што доаѓаат, јас ќе треба да им раскажувам што било и како било. И ќе почнам, на пример, од Груевски… Си беше еден режим. Јас се борев против тој режим. Тогаш бев државен непријател број еден. После направивме и бојкот. Па рокавме „бомби“. После дојдоа „нашите“ на власт. Па си го сменивме името, оти така мораше. Па си го поделивме минатото со Бугарите, оти и тоа беше морално. Пред тоа се спогодивме со Албанците, за да не се распаднеме одвнатре. И Геро Дедичи сето тоа го поддржа. Искрено, од срце.

И после дојде една ботоксирана будала, еден Боки Тредичи, па се здружи со една Катица, па целата власт на овој Боки му бацуваше рака, па тие после заедно рекетираа, па ги фатија на дело, па настана општ хаос и така владата падна. Чекајте, чекајте… Морам да запрам тука, луѓе мои!

Ова што ни се случува е толку глупаво, толку страшно, што не може ни да си раскаже. Ние немаме фабула за она што реално што ни се случува денес, немаме приказна што ќе можеме утре да ја раскажеме, без да се срамиме со наведнати глави. И кога велам „ние“, навистина мислам на сите нас, без оглед дали сме сдсмовци, вмровци или само обични овци.

И после, јас сум требало да објаснувам на чија страна сум… Море марш таму, мрсници бедни! Сега народот прашува на чија страна сте вие! Или слушнете го добро, или не помислувајте да одите на избори!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...