Успеа да ги замразиш своите критичари и да ја поттикнеш целата партиска и владина машинерија, вклучувајќи ги тука и медиумите што ги освои (знаеме како), да те бранат со еден недостоен говор на омраза кон твоите критичари, со ширење лажни вести и манипулации, со црна пропаганда и со кампања со која успеа да нѐ потсетиш на „славните“ достигнувања на твојот претходник Никола Груевски. Не верував дека ќе успееш во тоа, но ти ме изненади.

Објавил: Весна Петровска | 16 декември, 2019 7:44

Героски го ИСПЛУКА Заев: Ова се твоите успеси, другар Зоки!

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Новинарот Бранко Героски повторно во доцните часови му се обрати на премиетот Зоран Заев преку порталот Плусинфо.  Тој накратко успеа да ги напише иронично неговите успеси, т.е неуспеси откако е  избеан да биде претседател на Владата.

Во ред, другар Зоран Заев, штом толку инсистираш, еве, ќе зборувам и јас само за твоите успеси. Вечерва не можам одеднаш за сите, се разбира, бидејќи се многубројни. Ќе почнам од почеток и ќе ги спомнам само оние што ми се чинат најважни.

Дојде на власт без изборна победа

Да, така беше. Ти успеа да дојдеш на власт без победа на изборите. Со два пратеника помалку од победникот. Со силна поддршка од борците против режимот на Никола Груевски и од меѓународната заедница, како и со пресвртната одлука на Али Ахмети, успеа да составиш малцинска влада. Секоја чест! Не велам дека тоа е лошо, само те соочувам со тој факт, бидејќи таа ноторна вистина кај тебе требаше да побуди потреба да ја искористиш шансата и да се обидеш да ја намалиш конфликтноста во општеството, да ја обедини нацијата. А ти веднаш почна да се однесуваш како триумфален победник. Победник на зелена маса…

Се опкружи со апаратчици и со апологети

Со исклучок на неколку способни и посветени луѓе (имаше и има такви во твојата влада), ти успеа во твоето најблиско опкружување да собереш главно партиски апаратчици, апологети и полтрони, советници на кои всушност им е потребен другарски совет дека ја згрешиле адресата, како и интриганти и евтини пропагандисти. Едноставно, околу тебе има премногу луѓе на кои им недостасува не само знаење и способност да решаваат едноставни проблеми, туку и желба да се потрудат да научат нешто. Кога ова ти беше кажано на самиот почеток на мандатот, ти успеа да подигнеш бедем на одбрана на твојата одлука, не сфаќајќи дека тој бедем е керпич што ќе се распадне при првите удари на аргументираната критика, при првата посилна бура што ќе ја предизвикаат кризите и аферите од кои не може да избега ниту една влада. Тоа и се случи.

Поттикна говор на омраза, лажни вести и манипулации

Успеа да ги замразиш своите критичари и да ја поттикнеш целата партиска и владина машинерија, вклучувајќи ги тука и медиумите што ги освои (знаеме како), да те бранат со еден недостоен говор на омраза кон твоите критичари, со ширење лажни вести и манипулации, со црна пропаганда и со кампања со која успеа да нѐ потсетиш на „славните“ достигнувања на твојот претходник Никола Груевски. Не верував дека ќе успееш во тоа, но ти ме изненади.

Го реши спорот со Грција, но не беше искрен со нас

Да, ти успеа да го решиш спорот со Грција. Секоја чест! Но, успеа со договор кој ги надмина твоите ветувања кон нацијата. Да те посетам, ти ни вети дека компромисното име ќе биде само за меѓународна употреба и дека нема да се менува Уставот. Додека дишам, велеше, Уставот нема да се смени. Гледам, уште дишеш и ти посакувам да си се изнадишеш уште долго. Можеби беше принуден да ја платиш таа цена, ама ти не беше искрен со нас, со граѓаните на Македонија. Нѐ излажа, другар Заев. И покрај и наспроти тоа, многумина ти простија. Јас ти простив јавно. И јавно те поддржав. Бидејќи мислам дека тоа е добар договор, покрај сѐ. И многу други те поддржаа. И баш нас најмногу нѐ замрази…

Го „преживеа“ неуспешниот референдум

Изгледа дека ти сепак не успеа да си простиш. Сакаше да бидеш сигурен дека мнозинството на граѓаните на оваа земја го прифаќаат Преспанскиот договор, со истата, неподнослива леснотија, со која ти го прифати. И покрај предупредувањата да не го правиш тоа, ти свика референдум. Кој не успеа. Згора на тоа, ти се обиде да ја убедиш јавноста во спротивното, дека референдумот некако бил успешен, дека два и два сепак биле пет, а не четири. И бидејќи времето лечи сѐ, ти некако го „преживеа“ референдумот. А по правило, за таков неуспех се дава оставка, тоа е барем јасно.

Удри по македонизмот со сета сила

Успеа Преспанскиот договор да го промовираш во твое маестрално достигнување, достојно за кандидатура за Нобеловата награда за мир (која, нормално, не успеа да ја добиеш). Успеа новото компромисно, но службено име на нашата земја (Република Северна Македонија), како и придавката изведена од тоа име, да ги наметнеш како обврска во секојдневниот говор на сите службени лица, што не е обврска од договорот што го потпиша. Го повторувавте тоа ново име како папагали. А немате обврска. Тоа поттикна некои од твоите најголеми медиумски поддржувачи да објават дека Македонија треба да умре, дека македонизмот веќе е мртов. Се родија дури и идеи да ја смениме химната, да се откажеме дури и од „неспорниот“ дел од нашата историја, оној кој ти самиот го именуваше како историја на „Република Северна Македонија“. Тоа од никого непобарано и непредизвикано самонегирање на нашата нација, е твој успех, другар Заев. За кој не ти простувам.

Целата колумна прочитајте ја ТУКА

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...