Спокојно ги издржив нападите и ја продолжив битката за вистината.

Објавил: Перо Милчин | 8 август, 2019 19:43

ГЕРОСКИ: “Е мој Зоки, Зоки… На кое дереџе падна, ШОКИРАН СУМ ОД ТВОЈАТА НЕДОВЕТНОСТ”

Фото/Текст извор: ©плус инфо

Заев, сега да ја прошири и да ја продлабочи истрагата и да спроведе внатрепартиска лустрација на кадрите поврзани со Боки Тредичи и со неговата рекетарска екипа, пишува во најновата колумна новинарот Бранко Героски.

Другарки и другарчиња, да ве потсетам.

Уште во првата од серијата приказни за Коки, Фрики, Кики и другите, со кои ја најавив аферата “Рекет”, најпријателски го посоветував премиерот Зоран Заев скандалот веднаш да го затвори по принципот “кој коњ се фати, тој врши”. Тогаш тоа сė уште беше можно.

Наместо да го послуша добронамерниот совет, премиерот го подигна гардот и одлучи да чека. И тој и јас и многу други луѓе знаевме дека постојат несоборливи докази за бомбашкиот милионски рекет и за инволвираноста на Катица Јанева во аферата. Ама кому да објасниш…

Во продолженијата од серијата приказни, навестив дека станува збор за огромен скандал и го посоветував Заев да не губи време да го отплеткува Гордиевиот јазол, туку да постапи како Александар Велики – да го иссука мечот и да го пресече јазолот. Наместо да ме послуша, веројатно со негово знаење, апологетите на Заев спроведоа истрага со цел да ги откријат моите извори, ме изложија на клеветнички напади и на класични измислици и ме означија за рушител на СДСМ и на владата.

Спокојно ги издржив нападите и ја продолжив битката за вистината. Во меѓувреме, стана јасно дека прикривањето на скандалот е невозможно и тогаш беа осомничени и притворени Бојан Јовановски и Зоран Милевски – Кичеец, а Катица Јанева поднесе оставка. Уште еднаш добронамерно го посоветував Заев, сега да ја прошири и да ја продлабочи истрагата и да спроведе внатрепартиска лустрација на кадрите поврзани со Боки Тредичи и со неговата рекетарска екипа.

Дополнително, јавно побарав средба со Заев, на тема што ја обелоденив – политичките импликации на аферата “Рекет”. Имено, почувствував дека “гангренозното” ткиво брзо се распаѓа и опасно го загрозува животот на пациентот. Предвидував и напишав дека “доказите ко врата” можат брзо да се појават некаде во некој медиум (сепак мислев дека тоа ќе се случи на социјалните мрежи) и дека тие ќе бидат смртоносна муниција за напад од кој невештиот Заев и неговата недоквакана екипа нема да можат да се одбранат.

На владина прес-конференција, налутеното грне Заев си нарача прашање од своето медиумско капаче, за да ми порача дека не сака да разговара со мене и дека сум требало нешто некому да пријавам.

Да бидам искрен, бев шокиран од недоветноста на премиерот. А сакав само да му објаснам како се лечи опасна политичка “гангрена”, дека мора да си ја пресече ногата до колено и потоа да оди на штаки ама жив, одошто да заврши како политички мртовец. Со други зборови, јасно и тврдо, тоа истото му го кажаа американските дипломати Рикер и Палмер.
За жал, Заев или не може или не смее да ги слуша оние што сакаат да му помогнат, па затоа “тргува со умот” со криминогени типови со кои е опкружен и со луѓе што секако политички ќе го уништат. Уште до крај не ги разбирам причините за овој неверојатен политички суицид на отворена сцена.
И ете, денеска италијански медиум ги објави првите од серијата крунски докази за страшната афера. Мислам дека сега Заев веќе нема маневарски простор достоинствено да го затвори скандалот. Италијанскиот десничарски медиум сега ќе фрла термонуклеарни бомби од кои владата во Скопје ќе се тресе, а Заев нема да скопча зошто не успеал да се справи со Боки Тредичи, со Катица Прасичи, со Рада Медичи и компанија.

На инспирација од стиховите на еден друг Бранко (Миљковиќ), Бијело дугме пееше – ко не слуша песму, слушаќе олују. И еве, бурата почнува и кој знае каде ќе ја одвее оваа влада.
Јас сега немам друг избор освен беневолентно да ја следам оваа заразна и смртоносна сапуница. Заев јавно демонстрираше безобразна нетрпеливост кон мене и тоа е тоа – не му се лутам, знам дека му е многу тешко, но веќе изгубив желба да разговарам со човек кој ме доживува како непријател. Нека си се советува со борците против “нападите врз демокартијата”, нека го бранат Тричко Препичи, Сале Опичи и сличните будалетинки, од нив е фасциниран, тие му се нивото.
Е мој Зоки, Зоки… На кое дереџе падна. Погледни ја оваа фотомонтажа доле и сė ќе ти стане јасно. Порка мизерија!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...