Па не сум јас Инфомакс, Ви се молам. Кога пробивам јас, пробивам до крај. Го имам целиот драфт, можам да Ви го испратам веднаш ако го немате.

Објавил: admin@magazin | 13 октомври, 2019 18:30

ГЕРОСКИ ИСПРАТИ ПОРАКА ДО ПЕНДАРОВСКИ: “НЕМОЈТЕ АМАН„

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателе Пендаровски, немојте аман, „пробиена страница-две“ од извештајот на Венецијанската комисија.

Па не сум јас Инфомакс, Ви се молам. Кога пробивам јас, пробивам до крај. Го имам целиот драфт, можам да Ви го испратам веднаш ако го немате. А го пробив за да видите дека не е на арно, дека ќе ни зададе главоболки, дека не е згодно да се појави „пред дождот“ (пред датумот) и да има Владата време да се помоли извештајот да се одложи. Како што би. Инаку, тоа е мислењето на експертите за Законот за јазиците. Одложеното мислење, џанам, пишува Героски.

Претседателот на државата Стево Пендаровски пред два дена одговарајќи на новинарско прашање во врска со драфт верзијата на Венецијанска комисија за Законот за јазиците рече дека тој уште во кампањата за претседателските избори ја потенцирал потребата од подигнување на нивото на употребата на албанскиот јазик во земјава.

Тоа не е тајна, јас сум го кажувал многу пати. Во однос на конкретното прашање мораме да внимаваме. Значи, станува збор за драфт, за нацрт на документ кој е пробиен претпоставувам од нечии лични или политички причини предвреме. Да почекаме да биде официјално објавен и јас би сакал да видам дали тоа што една или две странички беше објавено, а документот има многу повеќе страници дали ќе остане со истите формулации до крај. Не би сакал да се произнесувам на едно парче од документот кое е пробиено и тоа парче, тој дел, таа страница и пол до две е од драфт, значи дел од начелна верзија, не е финална верзија – рече Пендаровски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...