Датумот може до некаде да влијае врз расположението на гласачите во Република Македонија, иако јас не мислам дека тоа е некое преголемо влијание. Моја лична проценка е дека најголем број на луѓето веќе имаат одлучено што ќе прават на денот на изборите, дали ќе гласаат дали нема, за кого ќе гласаат ако гласаат и така натаму.

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 март, 2020 10:49

Героски: И да се случи датум за ЕУ, тоа нема да влијае врз гласачите

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во емисијата “Заспиј ако можеш” на Алфа телевизија, вчера вечер новинарот и уредник на Плусинфо, Бранко Героски, посочи дека датумот за преговори не може многу да влијае врз одлуката на граѓаните во врска со тоа на кого ќе го дадат својот глас на престојните избори. Според Героски граѓаните веќе се определени и знаат што точно ќе заокружат на гласачкото ливче.

Героски: Евентуалниот датум за ЕУ нема да влијае врз гласачите, граѓаните веќе се одлучени на кого ќе го дадат својот глас

-Датумот може до некаде да влијае врз расположението на гласачите во Република Македонија, иако јас не мислам дека тоа е некое преголемо влијание. Моја лична проценка е дека најголем број на луѓето веќе имаат одлучено што ќе прават на денот на изборите, дали ќе гласаат дали нема, за кого ќе гласаат ако гласаат и така натаму. Но, можна е политичката злоупотреба и обид да евентуално позитивните сигнали – како што беше со овој позитивен извештај, да бидат употребени како еден вид на дел од пропагандата.

Героски додаде дека нему не му се допаднала реториката на СДСМ, дека тоа е потврда на правиот пат а потоа се спомнува Заев и неговите дела. 

Не ми се допадна реториката на СДСМ после таа одлука на ЕУ и тоа го кажав јавно, дека тоа е потврда на правиот пат нели, па се спомнува Заев и неговите дела и така натаму. Што ми дава за право да кажам да, ќе се злоупотребува извештајот за ЕУ и ќе има поличко профитирање од тој добар сигнал што го очекуваме, потенцираше Героски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести