За своите законски проекти Заев треба да се бори жестоко, но со силата на аргументите, а не со уцени.

Објавил: admin@magazin | 26 декември, 2019 21:06

ГЕРОСКИ: Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицковски нема да подлегне пред уцените на Заев

Фото/Текст извор: ©плус инфо

Обидот да се одложи изборот на техничката влада и да се отстапи од договорот на политичките лидери на 12 април 2020 година да се одржат вонредни парламентарни избори се заканува да предизвика сериозна политичка криза во Македонија. Таа криза може и мора да се избегне. Земјата е исцрпена од конфликти, кои носат само уште поголеми разочарувања на граѓаните и политичка апатија.

Актуелниот премиер Зоран Заев, кој според меѓу партискиот договор постигнат на лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски треба да отстапи од својата функција на 3 јануари, нема политички легитимитет да ја дисциплинира опозицијата и да ја уценува – ако не гласате за ова или за она, нема оставка и нема избори.

За своите законски проекти Заев треба да се бори жестоко, но со силата на аргументите, а не со уцени.

Од друга страна, договорот постигнат кај Пендаровски не е Библија. СДСМ, доколку смета дека тоа е паметно и целисходно, може да се откаже од договореното. Има многу луѓе што мислат дека со тоа социјалдемократите ќе демонстрираат слабост и страв од изборите, но тоа не го менува фактот дека една таква одлука на Заев би била политички легитимна – договорот кај Пендаровски нема законска сила, лидерите имаат право и да се предомислат.

Наспроти ова, опозицијата исто така има право, а јас би додал и обврска, да не го прифаќа диктатот на актуелниот премиер. Мислам дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицковски не треба и нема да подлегне пред уцените на Заев и нема да прифати да гласа за законски решенија за кои смета дека се дел од политиката на власта за суптилен поткуп на избирачите во пресрет на изборите.

Актуелниот премиер Зоран Заев, кој според меѓу партискиот договор постигнат на лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски треба да отстапи од својата функција на 3 јануари, нема политички легитимитет да ја дисциплинира опозицијата и да ја уценува – ако не гласате за ова или за она, нема оставка и нема избори.

Но, како и секогаш, решение за ваквите блокади има. Излезот од ќорсокакот се вика – компромис.
Без претензии да бидам ничиј неповикан советник или адвокат, со сиот ризик она што ќе го кажам да не им се допадне и на СДСМ и на ВМРО, свесен за фактот дека моето мислење никого на ништо не обврзува, сепак ќе си земам слобода да предложам едно такво компромисно решение, во пресрет на викендот во кој веројатно ќе се бара чаре.

Имено, предлагам политичките партии на 3 јануари сепак да изберат техничка влада, според Пржинскиот модел. Избраната влада треба да има продолжен мандат до редовниот термин на изборите.

Да, тоа значи партиите да се откажат од идејата за предвремени избори. Но, тоа има смисла само ако техничката влада добие мандат да подготви услови за одржување мирни, фер и демократски избори, да ги намали тензиите меѓу „завојуваните“ политички лидери и да се фокусира на неколку клучни теми – да изгласа разумен, одржлив и развоен буџет, да ги форсира законските решенија кои навистина се неопходни и кои немаат карактер на изборна преткампања, енергично да се посвети на борбата против криминалот и корупцијата и да обезбеди единствен пристап во надворешната политика, ставајќи ги при тоа политичките разлики во втор план, барем до кампањата за изборите.
Јасно е дека влада со ваков мандат ќе биде повеќе од техничка, всушност. Поради тоа, мислам дека ќе се наложи како неопходно Пржинскиот модел да се надгради со следниве три клучни услови:

Прво, техничката влада по својот состав треба да биде експертска и концентрациона. Што значи тоа? Тоа значи во неа да бидат застапени што повеќе партии, а сите да се потрудат во владините кабинети да делегираат докажани стручњаци, а не партиски апаратчици и послушници. Партиските лидери бездруго треба да се откажат од учеството во таа влада.
Второ, партиите треба консензуално да постигнат согласност претседателот Пендаровски премиерскиот мандат да го додели на непартиска личност, на човек кому СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, но и водечките албански политички партии, ќе му дадат доверба. Се разбира, нема да биде едноставно да се постигне оваа цел, но со помош на меѓународниот фактор, мислам дека може да се дојде до еден таков консензус, кој ќе вклучи и фер распределба на владините ресори.
И трето, заради јакнење на довербата меѓу партиите, премиерот на техничката влада и нејзините клучни министри јавно ќе се обврзат да не учествуваат на следните парламентарни избори, во никакво својство.
Нема повеќе да го елаборирам мојот предлог.

Само ќе потсетам дека во клучните кризни периоди во историјата на независна Македонија, во годините веднаш по осамостојувањето, но и во годините на консолидирањето на земјата по војната во 2001 година, на чело на земјата беа две концентрациони влади, поддржани од најмоќните политички партии и од меѓународната заедница. Двете влади успешно ги совладаа предизвиците на своето време.

Можеби е дојдено време Македонија по трет пат да се обиде со концентрација на политичките сили, наспроти девастирачката конфликтност и поделеност во општеството, да ги совлада огромните проблеми со кои се соочува во овој момент.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...