Зашто, Вучиќ покажува дека не само што не е будала, туку одлично ја владее локалната геополитика.

Објавил: Перо Милчин | 10 ноември, 2019 19:22

ГЕРОСКИ: Мал Шенген, голем ВУЧИЌ, за ЕДИ патики, за КУТРИОТ наш премиер Зоран – ОПИНЦИ!

Фото/Текст извор: ©плус инфо

Нема дилеми дека договорот наречен „Мал Шенген“, што го постигнаа лидерите на Србија, Албанија и на Македонија, Александар Вучиќ, Еди Рама и Зоран Заев, е во интерес на граѓаните на трите држави. Поминувањето на границите само со лична карта, брзите ленти за камионите и меѓусебното признавање на дипломите, мерки кои се само дел од придобивките на договорот, сериозно ќе го подобрат квалитетот на животот во овој регион, пишува во најновата колумна новинарот Бранко Героски.

„Тука нема Југославија, тука има само подобар живот за нашите граѓани“, ќе рече Вучиќ, горд на Охридската декларација. И во право е. Додуша, треба да ни биде јасно дека Вучиќ – кој, како што се пошегува, не успеал во една прилика да се доближи до некоја позната холивудска актерка во која би вљубен (страхувал да не каже кутрата „кој е овој будалиов“) – сега има двојна причина за задоволство.

Тој најави дека утре ќе се види со францускиот претседател Макрон, од кого ќе побара поддршка за „Малиот Шенген“. А овој пат сигурно ќе има многу поголеми шанси кај францускиот лидер, отколку некогаш, кај холивудската актерка.
Зашто, Вучиќ покажува дека не само што не е будала, туку одлично ја владее локалната геополитика. Тој, всушност, го промовира новиот европски план за регионот Западен Балкан.

Тој план не е негова измислица. Не, тоа е европски план, договорен меѓу европските лидери Макрон и Меркел, веројатно уште пред ветото со кое францускиот претседател ја спречи намерата на самитот на ЕУ на Македонија и на Албанија да им се даде датум за почеток на преговорите за членство.

И контурите на планот можат да се насетат – се создава европска Б лига, група на држави кои во евроинтеграцискиот процес ќе бидат вклучени според други правила на игра, земји кои во идната архитектура на Унијата сигурно нема да имаат еднакво значење како и другите полоноправни членки (како и Бугарија и Романија, на пример), иако ќе ги уживаат придобивките од својот нов статус, кои нема да бидат беззначајни.

Кутриот наш премиер, Зоран Заев, човекот што се фалеше дека имал „гарантиран“ датум в џебот… Тој во Охрид, смирено и потиштено, ќе изјави дека „верува дека со оваа иницијатива се испраќа многу позитивна порака до земјите членки на ЕУ, дека со зголемување на соработката во регионот со уште подостоинствено внимание треба да се фокусираат овде и да дадат можност за забрзување на процесот на интеграција на целиот регион во Унијата“. Бла, бла, бла… Кого уште интересира во што верува „нобеловецот“ Заев, ви се молам?

Со исклучок на Еди Рама, кој секогаш може да ја излечи депресијата со една сеанса со своите патики „адидас“, единствен кој сериозно и со добра причина има право да се радува на успехот на оваа иницијатива е токму српскиот лидер Вучиќ. Србија отсекогаш била, а и допрва ќе биде предводник на европската Б лига. Во секоја смисла. Впрочем, според капацитетите и според економските потенцијали, како економски тигар во регионот, Србија несомнено и ја заслужува таа ролја. Ќе мора да се преболи фактот што со ваквиот развој на настаните јакне личната позиција на Вучиќ. Тоа прави несреќни многу луѓе во Србија, а такви има и во Македонија.

Со право, не велам не, но што е тука е. Сега се играат некои други утакмици…
А кој ли ќе го трпи фраерот Вучиќ! Внимавајте, вака кажа човекот во Охрид: „Утре ќе се видам со претседателот Макрон и, со дозвола од Зоран и од Еди, ќе го прашам и за вас истото она што ќе го прашам за нас“. Брееј! Братски! Кило дувани чварци за мене, кило за Зоран, кило за Еди. Еј Ацо, може ли и кило за дедото, оној „со брадата“? Врски ќе ни фаќа Вучиќ кај Макрон.

Ама со дозвола од Зоран и од Еди. Балканска култура на нивоу! Еј Ацо, друже, дај бе прашај го Емануел, може ли да го прими Зоран без Еди (ако треба опинци ќе навлече на нозете), макар во некое ходниче, на пет минути, да му го дигне троа рејтингот пред изборите? Па нема смисла само Стевота да го прими! А чаламот?
И така, дами и господо од претходниот режим, а богами и другарки и другарчиња од сегашниов, доаѓа време да ги приведеме сметките. Ние граѓаните, со вас, ебиветровците.

Ѕенѕајќи се по овој ваш „прав пат“, ние, Македонците, кои се фалевме дека сме станале лидери на реформите во регионот и дека датумот за почетокот на преговорите со ЕУ е само техникалија, ете, повторно сме си она што бевме – последниов вагон во композицијата, кој веројатно ќе стаса на целта заедно со возот, освен ако не биде откачен некаде кај ранжирната станица Лапово. Ништо чудно… Па што толку лопати лајна изедовме по пат, за и против, е тоа не ми е јасно!
Се сеќавам, како млад и надобуден проследувач на општествените неприлики, некаде во она време кога паѓаше Берлинскиот ѕид, разговарав со еден стар бел дедо (од Богданци), ама не таков овци што пасе и Гоце и Јане ги крие, туку асли трговец, по потекло од Серес, човек со богато животно искуство. „Не се коси, момче – ми рече на крајот на разговорот, тој, човекот што преживеал три војни во својот живот – со нас сѐ ќе биде како што било некогаш и ништо битно нема да се промени“.

Денеска се сетив на оваа негова реплика и да ви кажам, некако се потсмирив. Сфаќам дека сѐ што ни се случува не е последица на некакви пропуштени ексклузивни историски шанси (немало такви, џанам), туку ние сме само жртви на големи лаги. Или самозалажувања.

И уште нѐ лажат. И си се лажеме самите, кога не можат да нафтасаат тие да нѐ лажат. Грдо е сето тоа, ама некако подносливо. Ако не друго, барем будалите уживаат во филмот. Браво, браво, браво! Термонуклеарно! Фасцинантно! Ебаго…

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...