Ништо јас не сум наплатил ни од Орце Камчев, ни од било кој друг. Видовме ние кој рекетирал и кој наплаќал, со чија политичка поддршка.

Објавил: admin@magazin | 20 септември, 2019 13:12

Героски обвинет дека купил апартмани на Халкидики и Банско: Го повикувам Заев да го прибере органот на пропагандата на СДСМ

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Наводите на другарчето на Зоран Заев дека оваа година сум се „подновил“ со „апартмани во Халкидики и Банско“ се целосни лаги. Наводите дека од Орце Камчев сум „наплатил“ за да си ги купам овие измислени апартмани, исто така се брутални измислици, пишува на социјалните мрежи новинарот Бранко Георски.

ЗАЕВ, ПРИБЕРИ СИ ГО ОРГАНОТ, ИЛИ ПОДОБРО ИНФОРМИРАЈ ГО!

Ги информирам загрижената сдсмовска пропаганда и нејзината ударна тупаница Саше Политико, другарчето на Зоран Заев, дека во последните 4 (и со букви: четири) години немам купено никаков недвижен имот ни во Македонија, ни надвор од неа.

Наводите на другарчето на Зоран Заев дека оваа година сум се „подновил“ со „апартмани во Халкидики и Банско“ се целосни лаги.

Наводите дека од Орце Камчев сум „наплатил“ за да си ги купам овие измислени апартмани, исто така се брутални измислици.
Ништо јас не сум наплатил ни од Орце Камчев, ни од било кој друг. Видовме ние кој рекетирал и кој наплаќал, со чија политичка поддршка. А видовме и кој добивал недвижен и подвижен имот на подарок.

Ако уредникот на Мактел баш сака да истражува кој има купено апартмани на Халкидики и во Банско, може слободно да истражува. Само се плашам дека ќе дојде до некои незгодни податоци, што нема да смее да ги објави. Од разбирливи причини.
Како и да е, го повикувам Зоран Заев или да си го прибере органот на пропагандата на СДСМ, или подобро да го информира за мојот имот. Сите мои поблиски колеги и пријатели знаат каков имот поседувам и кога сум го купил. За секој купен квадрат сум частел. Ништо никогаш не сум криел, бидејќи немам зошто да кријам – сѐ што сум купил, сум купил со мои пари, чесно заработени.

Јас го разбирам љубопитството на дел од јавноста во врска со наводите на Мактел и ветувам дека ќе го задоволам интересот на јавноста тогаш кога ќе го пополнам анкетниот лист, ако некогаш бидам избран на јавна функција, со што ќе се создаде законска обврска да го пријавам мојот имот. Додека тоа не се случи, заинтересираните можам само да ги упатам да прошетаат низ Халкидики и Банско, да ги најдат моите апартмани и да ми плукнат под прозорец.

Ја предупредувам пропагандата на Зоран Заев да не шири лажни вести, особено во време кога Владата ветува дека ќе се бори против лажните вести. ЗНМ и Советот за етика во медиумите во Македонија еднаш веќе донесоа заклучоци дека ударна медиумска перјаница на пропагандата на СДСМ, Саше Ивановски, го прекршил Етичкиот кодекс, со објава на слични клевети и инсинуации на моја сметка.

Очекувам органот на пропагандата на СДСМ, Мактел, во текот на денешниот ден да ги повлече лажните вести и инсинуации искажани за мене и да се извини, за да не бидам принуден да отворам формална постапка за тужба за клевета и навреда против авторот на овие брутални клевети и навреди.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.