За портфорлиото и биографијата на новата министерка, јас не можам ништо посериозно да истакнам и потенцирам, со што ќе кажам дека очекувам додадена вредност за работењето во Министерството за финансии или пак во буџетот.

Објавил: admin@magazin | 5 септември, 2019 7:20

ГЕРОСКИ: “ОПОЗИЦИЈО со навредите кон Нина Ангеловска не добивате ништо, МИЦКОСКИ – ГУБИТЕ”

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Портфолиото и биографијата на новата министерка за финансии, Нина Ангеловска, според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е показател дека таа ќе става само потписи за да ги исполнува желбите на премиерот Зоран Заев и вицепремиерот, Кочо Анѓушев. 

Новинарот Бранко Геровски на социјалните мрежи упати порака до ВМРО ДПМНЕ и порача дека со сексистичките навреди кон новата Министерка за финансии, Нина Ангеловска нема да добијат ништо. Тој му порача на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да командува остав.

Опозиционери, со сексистичките навреди на сметка на министерката Ангеловска не добивате ништо. ГУБИТЕ. Мицкоски, командувај остав, напиша Бранко Ггероски!

„Навистина не можам да се изначудам на нејзината храброст да биде потписник на желбите кои ќе ги имаат Заев и Анѓушев, а се со цел оваа политичка каста која ја понижи државата да остане подолго на власт, порача Мицкоски.

За портфорлиото и биографијата на новата министерка, јас не можам ништо посериозно да истакнам и потенцирам, со што ќе кажам дека очекувам додадена вредност за работењето во Министерството за финансии или пак во буџетот. Сосема спротивно. Доколку до сега не и било јасно, очекувам да и стане набргу јасно тоа каков апологет треба да биде во периодот кој следува, кога ќе треба да стави потпис на оној проект за изградба на Клинички центар од половина милијарда евра, а потоа сето останато што следи, вклучувајќи и издавањето на еврообврзниците. Предизвиците за кои сум убеден дека нема да имаме брилијантни решенија, туку само потпис на штетните политики на Зоран Заев и Кочо Анѓуев ќе бидат секојдневние во Министерството за финансии“, вели Христијан Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...