Амбасадоре Жбогар, луѓето во Македонија се вознемирени и згрозени од ова шоу, од активностите на неморални ликови што биле славени како успешни, а се занимавале со рекетирање и перење пари. Лути се и поради индолентноста на меѓународната заедница, кои молчеле за индициите дека пред нивниот нос се случува страшен криминал.

Објавил: Данаил Михајловски | 27 август, 2019 16:17

Героски со шлаканица за Жбогар: Изборот на Катица беше ријалити шоу!

Фото/Текст извор: ©магазин

Амбасадорот Жбогар вчера изјави дека некои домашни и странски медиуми ја претвориле аферата “Рекет“ во реалити шоу. Новинарот Героски, кој заедно со италијанскиот весник Ла Верита, беше еден од оние кои ја обзнанија оваа афера кон јавноста, му возврати со силна критика на амбасадорот, порачувајќи му дека вистинското ријалити шоу во Македонија почнало со изборот на Катица Јанева за шефица на СЈО, иако имала низок просек на правниот факултет, а нејзините колешки обвинителки се понашале како естрадни ѕвезди со селфиња на инстаграм со сите естрадни фаци и функционери во државава. 

Ваша екселенцијо, амбасадоре Самуел Жбогар, веројатно и самите немате претстава колку сте во право што аферата „Рекет“ ја нарековте едно големо ријалити шоу. Ве уверувам дека луѓето во Македонија, како и Вие, се мошне загрижени, но уште повеќе, се и згрозени од ова што ни се случува. Можеби за ЕУ, чиј претставник сте Вие, справувањето со овој скандал нема да стане бенчмарк за почетокот на пристапните преговори што сите желно ги очекуваме, но веројатно сте свесни дека оваа афера е најсериозен тест за волјата и за способноста на оваа власт да се справи со високата корупција.

Сега, кога Катица Јанева е притворена и осомничена за криминал, од Брисел ни стасуваат пораки дека за ЕУ не биле важни личностите, туку биле важни институциите. Демек, не била важна Јанева, било важно СЈО. Навистина? Ако е така, можете ли да ни објасните врз основа на што токму госпоѓа Катица Јанева, во 2017 година, од словенечкиот институт ИФИМЕС, доби признание за „најдобар обвинител на Балканот“?

Кога веќе спомнувате ријалити шоу, а патем речено го именувате и со добро познатиот бренд „Биг брадер“, би се осмелил да Ви укажам дека се потребни неколку појаснувања на Вашата изјава. Таа духовита опаска за името на ова наше ријалити шоу веројатно произлегува од аналогијата со учеството на еден од главните актери на аферата, осомничениот Боки 13, во истоименското српско телевизиско шоу „Велики брат“. Сега е редно да кажеме дека вистинското ријалити шоу во Македонија, амбасадоре Жбогар, почна со изборот на Катица Јанева за шефица на Специјалното јавно обвинителство, институцијата што доби огромна домашна и меѓународна поддршка, логистика и буџет, за да го обели валканиот образ на македонското правосудство. Во тоа време, бевме малкумина кои предупредивме дека изборот на Јанева, со нејзиниот скромен просек на Правниот факултет во Скопје, со нејзиното скромно искуство во правосудството и со нејзината паланечка појавност, беше силен удар под појас за многу македонски судии, обвинители, адвокати и угледни правници, кои можеа да бидат избрани на нејзината позиција. Се сеќавам на потсмешливите белешки со кои го коментиравме протестот на професорот Гордан Калајџиев, на пример. Јас, иако за Катица имам лошо мислење од првиот ден, до ден денешен се срамам поради тоа што тогаш професорот Калајџиев го осудивме за малициозност и за повредена суета.

Амбасадoре Жбогар, ова се случува во нашата земја во време кога некој од државниот врв мора да бил запознаен со бекграундот на осомничениот Бојан Јовановски, со неговото досие за судски спорови за измами, со фактот дека човекот нема ни трансакциска сметка, но и со неговите нови рекетарски подвизи, кои во времето кога е снимена оваа снимка веќе земаат голем замав, а видни личности од СДСМ, ако ништо друго, се информирани за тие активности. Некои и ги овозможуваат!

Првиот јавен настап на Јанева, во свадбарска чипка и со свадбарски говор, беше само првата секвенца на големото ријалити шоу, кое го опфати целото СЈО. Челните фаци преку ноќ станаа естрадни фаци, дел од скопскиот џет сет, ѕвезди за позирање за селфи фотки за Фејсбук и Инстаграм. Зошто сето тоа не Ви изгледаше барем малку сомнително и неприкладно, амбасадоре Жбогар? Можно ли е такво нешто да се случи во Вашата прекрасна Словенија? И дали до Вас не допираа гласините дека во бекстејџот на тоа наше ријалити шоу, всушност, се одвива погубен процес на одлевање на „бомбите“ на Заев и нивна опасна злоупотреба?

Помогнете ни, Ваша екселенцијо, амбасадоре Жбогар, ама на тој начин што заедно со нас ќе барате брза, ефикасна и сеопфатна истрага, како и политичка одговорност за аферата „Рекет“. А не и Вие да заговарате скандалот да се релативизира и да се бара одговорност кај сите, само не кај луѓето кои се најодговорни за состојбите во земјата. Тоа не е баш европски и би можело да значи вовед во едно ново ријалити шоу, чиј наслов би можело да биде „1984“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...