Гајзер неколкупати ја посетил Македонија, а материјалите ги добил од пријателите кои ги стекнал тука, а тимот на „Ла верита“ бил доволно храбар за да ги објави.

Објавил: admin@magazin | 27 октомври, 2019 19:10

ГАЈЗЕР: Македонија има мафијашки систем – ЗАЕВ нема елементарно знаење како да се води држава!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Уредникот на весникот „Ла Верита“, Ларис Гајзер, уште од средношколските денови почнал да се интересира за Македонија. Во интервју за „Алфа телевизија“, тој откри како првпат ги добил материјатлите со кои го обелодени случајот „Рекет“.

Гајзер во интервјуто за Алфа телевизија, вели дека мафијашки систем владее со земјата и токму поради тоа за сега нема да објави други информации.

Сите прашуваат дали имаме уште документи, Да, сè уште истражуваме неколку случаи, можам да ви кажам отворено, но, ова му кажав и на вашиот министер за надворешни работи – вие имате ги имате сите материјали, вашите политичари, вашите креатори на мислења, вие имате сè. Ако јас ги имам, тоа е затоа што и некој друг ги има. Сите знаат каков мафијашки систем владее со земјата, токму поради тоа засега нема да објавиме други информации, бидејќи ги почитуваме нашите извори и нивната безбедност, рече Гајзер.

За премиерот Зоран Заев вели дека нема елементарно знаење како да се води држава.

Тој се води од лични интереси, не само за него, тоа е голема меѓународна мрежа. Ова е мое лично мислење, но како стручњак за меѓународни односи, можам да кажам дека вашата држава во моментот не функционира токму поради власта, која се грижи само за сопствените интереси.

Ларис Гајзер вели дека кога почнал со објавување на материјали од аферата „Рекет“ никој од Македонија не побарал од него да запре со објавување.

Би била нормална процедура да бидете контактиран по неколку часа од моќен избор или моќен претставник за да ве уценува или да понуди нешто за да ја запре ситуацијата. Никој. Апсолутно никој не се ни обиде да интервенира за да не запре. Не добивме информации за никакви барања. Ниту амбасадата во Рим не се јави за информации или истраги, вели новинарот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.