Да сум јас советник на Заев и да знам се што знам веднаш би го посоветувал да поднесе оставка.

Објавил: Перо Милчин | 25 август, 2019 17:36

ГЕЈСЕР ЗА ЗАЕВ: “Порано или подоцна тој ќе мора да си замине – ЗАЕВ е минато и меѓународно е МРТОВ”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Српскиот весник „Ало“ објави интервју со Ларис Гејсер, кого го нарекува „Човекот кој го растресе Скопје и Македонија„

Ларис Гејсер, е аналитичар и професор по геополитика, кој во низа написи за италијанскиот весник „Ла верита“ ја откри аферата околу уцената на бизнисмени во која се вплеткани Боки 13, Зоран Заев, неговиот советник Башановиќ и многу други.

Гејсер во разговор за „Ало“ открива како реагирал кога слушнал дека е приведена поранешната специјална обвинителка Јанева и дали очекува нови апсења.

Тоа значи дека без моите написи во весникот „Ла Верита“ вистината никогаш немаше да излезе на виделина и сега се надевам дека на сите им е јасно дека целата земја е заложник на криминална организација, која направи се да се заштити себе си или да ги уништи доказите.

Дали очекувате Заев да поднесе оставка?

Да сум јас советник на Заев и да знам се што знам веднаш би го посоветувал да поднесе оставка. За негово добро и за доброто на Македонија. Порано или подоцна тој ќе мора да си замине. Тој е минато и меѓународно е мртов.

Тоа значи дека без моите написи во весникот „Ла Верита“ вистината никогаш немаше да излезе на виделина и сега се надевам дека на сите им е јасно дека целата земја е заложник на криминална организација, која направи се да се заштити себе си или да ги уништи доказите.

Дали верувате или имате ли докази дека некој од ЕУ, како на пример Могерини, имал сознанија што се случува во Македонија?

Дали една нормална личност може да поверува дека никој во ЕУ немал поим што се случува во Македонија? И да е така, во секој случај се виновни за тоа што се неспособни. Поентата е што системот на Зоран Заев е продукт на Комисијата на Јункер и на Могерини и нивниот пристап кон Балканот и сега не можат да го прифатат својот дел од одговорноста. Наместо тоа, тие се одлучија за тишина.

Бевте мета на хакери, отворени се неколку ваши лажни профили. Што мислите, зошто е тоа направено и со каква цел?

Изгледа дека станав мошне популарна личност во Македонија во рок од неколку часа со илјадници следбеници, што е проблем за мрежата на Зоран Заев. Верувам дека лажните профили се направени како замка за луѓето кои ја претставуваат опозицијата во Македонија. Многу тажно, тоа се фашистички методи на режимот. Сепак смешната страна на приказната е дека минатата недела група хакери нападнаа еден од моите лажни профили кој беше направен од друга хакерска група, која потоа ги алармираше медиумите дека профилот ми е хакиран, кој инаку е лажен.

Се плашите ли можеби за сопствената безбедност?

Знаев дека ќе имам последици со навлегувањето во интересите на моќна криминална мрежа која меѓународно е поврзана и тешко повредувајќи ги нивните финансии. Ајде да речемe дека моето ниво на претпазливост е поголемо сега отколку на почетокот на август.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

„Има документи, согласности, уснени согласности, телефонски разговори, за секој пациент докторите се должни да ги информираат. Ние први воведовме видеоконференција

Жан Митрев: Не се плашам од обвинение, ќе се докажувам и 100 години ако треба – никогаш не сум рекол дека хемофилтрацијата е лек

Неговиот вечерашен јавен настап во кој се бранеше од наводите во документарниот филм...

Зошто никој не зборува за германскиот предлог во времето на владата на Меркел, од нивното претседателство, каде исчезна тој?

Имам информации дека владата на Ковачевски го прифатила предлогот од Париз

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата...

„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле… Добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга“, рече Ахмети.

Ахмети не знае колку чини маслото за јадење: Зборувајте со сопругата, не се занимавам со економијата на семејството

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21кажа дека...

Вели дека е подготвен во секој момент да седне на маса и да разговара за сите теми со Ковачевски, но на тие средби ќе мора да се разговара и за предвремени ибори.

Мицкоски: Немам намера никого да уценувам, подготвен сум во секој момент да седнам на маса

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека блокадата на Собранието не е начин...