Милијардерот, кој привлекува големо внимание во јавноста со своите изјави за вакцините, но и иницира теории на заговор, вели дека надежта дека ќе биде доволна една доза на вакцината, постоела, но само на почетокот на пандемијата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 јули, 2020 11:38

ГЕЈТС ПОВТОРНО ШОКИРА: Ќе морате да примите вакцина двапати, старите лица можеби и трипати

Фото/Текст извор: ©Kurir.rs/CBS nes Foto: Youtube/CBS Evening News

„Како што стојат работите сега, ќе мора неколку пати да се вакцинирате против коронавирусот, а постарите можеби три“, рече основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс.

Милијардерот, кој привлекува големо внимание во јавноста со своите изјави за вакцините, но и иницира теории на заговор, вели дека надежта дека ќе биде доволна една доза на вакцината, постоела, но само на почетокот на пандемијата.

Тој во интервју за CBC News рече дека напорите да се најде вакцина против коронавирус ќе бидат огромни на глобално ниво.

“Во моментов, се чини дека со ниту една од вакцините што се прават не е доволна само една доза за да се заштитиме. Можеби се мислеше така на почетокот. Можеби вакцините што ќе се направат подоцна ќе нè изненадат позитивно. Но, за сега, како што стојат работите , нема такво нешто. Кога станува збор за постарите луѓе, можеби ќе треба да земат повеќе од две дози “, рече Гејтс.

Инаку Бил Гејтс, е непријател број еден за кого јавноста вели дека е замешан во создавање на коронавирусот. Тој е еден од најбогатите луѓе во светот кој со години предупредуваше на епидемии и дека светот не е подготвен да се справи со нив, па многумина веруваат дека тој е мозокот зад најголемата криза во светот.

Тој претходно рече дека кај развиените земји, како што е САД, се во можност да го контролираат вирусот но сепак вирусот мора да биде поразен во цел свет.

– Работите навистина нема да се вратат во нормала додека вакцина не биде достапна практично во целиот свет, рече Гејтс, кој минатата недела ја повика американската влада да започне со изградба на фабрики за развој на најперспективните вакцини против коронавирусот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.